СПМ оценува дека Заев и Османи се трговците со македонските идентитетски прашања кои мора да одговараат за велепредавства и да ги сносат штетите

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

June 14, 2024

Вести

soopstenie

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека повторно се случи нов срамен настап на Бујар Османи кој упорно се обидува да ја убеди македонската јавност дека Грција го исполнила Преспанскиот договор, а Македонија не.

Овој залутан хирург, кој очигледно е недоволно подготвен за надворешната политика, до последниот ден злобно работи против својата држава.

Османи сфаќа дека народот не го прифаќа Преспанскиот договор кој е предавнички за Македонија и македонскиот народ но и натаму упорно лаже дека со тоа се остварува евроатланската перспектива.

Ретроградните и поразителни политики на Бујар Османи ќе бидат запаметени како не треба да се работи за Македонија, а тој упорно работеше и работи за други држави и интереси на штета на македонските.

Запирањето на патот на Македонија кон Европа е заслуга на СДС и ДУИ односно на Заев и Османи и нивните криминални и коруптивни предавнички политики во земјата и подреденоста кон соседите.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Заев и Османи се трговците со Македонските идентитетски прашања кои мора да одговараат за велепредавства и да ги сносат штетите.

Споделете го текстот

Споделете