Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 20, 2024

Соопштенија

soopstenie

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека почетокот на кампањата за избор на пратеници заедно со претседателската ја покажува ориентацијата и силата на граѓаните за промени.

Промените доаѓаат заедно со проектите и вложувањата во продуктивни намени. Доста беа од СДС и ДУИ лажни почетоци на патишта кои не се градат, на фабрики на ливади кои ги нема, празни ветувања  и слично.

Поразени ќе бидат предавниците и криминалците кои со коруптивни методи ја држат државата во застој и изолација. Заради нив нема напредок во еворинтеграцијта зошто тие се откажаа од македонизмот и од македонскиот идентитет.

Енергијата што ја прокажаа граѓаните ги мотивира кандидатите на Коалицијата “Твоја Македонија” да продолжат на патот да ги променат негативните трендови и да ја реализираат Програмата 1198 на проекти и иницијативи за раст и развој и за подобрување на животот на граѓаните.

Македонското национално ткиво мора да се обедини и да дојде до израз силата на македонското. Во спротивно со СДС и ДУИ државата и натаму ќе е на продажба, во распад, зошто тие го бришат македонското историско наследство што е создадено во изминатите децении и векови.

Македонизмот мора да победи во интерес на сегашноста и за идните генерации. Коалицијата „Твоја Македонија со добивањето гласови за  поддршка ќе направи државата да опстои и да влеза во ЕУ со сите критериуми кои се редовно потребни, а не со уцени и наметнати бугарски барања.

Социјалистичката партија на Македонија повикува масовно на избори зошто тие се единствена жанса за просперитетот и развој на Македонија.

Споделете го текстот

Споделете