Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

June 4, 2024

Вести

soopstenie

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека до крајност искомпромитираните структури од бившата ненародна власт и нивните медиумски мегафони не се подготвени да го прифатат изборниот пораз заканувајќи им се на победниците на изборите.

За да покажат дека имаат желби за уште предавства овие недемократски сили безобразно бараат новата власт, која е во фаза на формирање, да продолжи со досегашната погубна антимакедонска политика. 

Овие распаднати ненародни штетници во медиумите шират лажен страв и паника дека со убедливата победа и предизборната кампања се отворени националистички и безбедносни прашања кои се опасност за државата. Сакаат да им наметнат чувство на вина на македонскиот народ за неговиот правилен и плебисцитен државнички избор.

Тие бараат новата власт да отстапи од предизибрните ветувањата кои се исти со барањата на македонскиот народ. Нивната подлост и стапици се со цел да се дискредититраат сите од Коалицијата „Твоја Македонија“.

Се потврдува дека платениците и полтроните работат до крај и дека нема да се помират ако Коалицијата оствари успеси на меѓународна и  домашна сцена.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека борбата против овие ретоградни сили мора да продолжи се до нивно целосно разбивање и уништување на нивното негативно и штетно делување против интересите на македонскиот народ и држава.

Споделете го текстот

Споделете