Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 30, 2024

Вести

soopstenie

Социјалистичката партија на Македонија прeдизборниот наратив на СДС и надувањето на носењето тешки одлуки како причина за малиот број гласови го смета за инфантилно неиздржан. Вистината не е во носењето тешки туку предавнички одлуки, причина за нивното отфрлање од страна на народот.

Предавниците никаде не поминуваат, туку секаде се осудени и казнети.

СДС и ДУИ продаваа македонски национални  интереси, не почитуваа народен референдум туку спротивно на волјата на граѓаните сменија име и идентитетски обележја на државата. На власт дојдоа со лаги и со шарена револуција за да ја продаваат и делат Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека предавничките одлуки на СДС и ДУИ и нанесоа огромна штета на Македонија. Последиците ги трпат граѓаните кои осиромашија и заради тоа масовно се иселуваат. Штетата ќе се пренесе и на идните генерации и затоа мора да се случат промени кои народот ги очекува. 

Носителите на предавничките одлуки мора да одговараат, а изборите се единствена можност за нивно сменување и казнување. Тие не се откажуваат од криминалот и корупцијата ниту се откажуваат од нивната срамна иднина полна со лажни ветувања и неизвесности за народот.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува граѓаните да ги казнат штетните политики на СДС и ДУИ кои безочно работат против државата и народот.  

На 8 мај со масовна излезност да се гласа за Коалицијата „Твоја Македонија“ која е единствена организирана сила со моќ и влијание за промени, за иднина и за просперитет на државата и граѓаните.

Споделете го текстот

Споделете