Скриената опасност од законите за енергетски проекти
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
April 5, 2024
Соопштенија
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека најавеното донесување па одложување на 4 закони за енергетски проекти со државна поддршка се последните очајнички чекори на криминалците од власта во заминување за да украдат повеќе од една малијарда евра од македонските граѓани.
Со овој и со претходните криминални проекти власта подготвува економско убиство на македонската држава.
Страшни се последиците за иднината на државата, за губењето на нејзината сувереност и територија, за станување енергетски зависна и финансиски осиромашена држава.
Криминалната власт на СДС и ДУИ не сака да слушне ниту да ги разбере последиците кои долгорочно ги создава и кои сите ги гледаат како злокобна и уништувачка политика и предавство на државата.
Власта е заслепена од очекуваните криминални пари што ќе ги украде од граѓаните преку странски фирми, а еден претходен криминален модел се предлага да се повтори преку „Митилинеос“ со државата ќе мора да откупува енергија и кога не и треба по скапи цени, а во спротивно, ќе мора да плаќа пенали и казни со пари од граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека електро енергетски објекти државата мора да гради итно и сама, а за тоа може да обезбеди капитални инвестиции од разни извори наместо да се фрлаат парите на странски компании за следните 30 или 60 години.
Нанародната, криминална и предавничка власт на СДС и ДУИ упорно работи на штета на државата и на своите граѓани.
Затоа мора да да сноси одговорност, да биде кривично гонета и судски казнета, а претходно отфрлена и поразена на наредните избори.
Споделете го текстот
Споделете

