Поздравување на масовната поддршка во претседателската трка
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
April 5, 2024
Прес
Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува масовната излезност и поддршката што и се дава на кандидатката за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Народот знае што сака и што треба да избере за идниот претседател да биде достоен претставник на сите граѓани во Македонија. Од таму е масовната излезност и искажаната поддршка од граѓаните, се раѓа надежта за подобро утре и вербата во промените кои ги носи Коалицијата “Обнова на Македонија” и кои ќе се случат
Како партија која секогаш е со народот очекуваме народната воља да биде доминантен двигател и на изборите за да се потврди желбата и стремежот на граѓаните во Македонија за иднината на сопствената држава.
Споделете го текстот
Споделете

