Поддршка од СПМ за членство во Европската Унија

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 5, 2024

Прес

IMG-7e78ecca3a33051cde42d8a8260da970-V

Социјалистичката партија на Македонија ја почитува определбата на мнозинството граѓани и политички партии во Македонија за јасната поддршка за членството во Европската унија.

Социјалистичката партија на Македонија како европска партија со над сто години политичко присуство и со промоција на социјалистичката мисла во Македонија се згрозува од негативните квалификации, паушално дадени во медиумите за Коалицијата “Твоја Македонија” и наводното противењњ на ЕУ.

Нејасно и срамно е толкувањето од примитивно малограшанските апологети и медиуми на СДС и ДУИ дека само опозициската Коалиција нема капацитет ниту план за европска иднина. Тие свесно го трујат народот со дезинформации и лажни вести, како и со хибридни закани кои ги измислуваат. Главните кочничари СДС и ДУИ се најголемите виновници за блокираниот евроинтегративен процес, па оттаму земањето за право да се сметаат за проевропски ориентурани партии претставува солена шега за засмејување на јавноста.

Срамни се и креираните недокажани обвинувања за личности и партии кои се со најголем рејтинг во Македонија и кои се со европска ориентација и програмски определби што може, секој што сака, да ги види.

Дејствувањето на сите од Коалицијата како и Програмата за избори, “Платформа #1198” се јасни докази и потврди за Европската ориентација на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Затоа Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува потребата граѓаните на изборите да им дадат максимална поддршка на кандидатите на Коалицијата “Твоја Македонија” која има капацитет да состави проевропска влада и да ја внесе државата во ЕУ.

Истовремено граѓаните треба да ги осудат и да ги казнат кочничарите на европскиот пат на Македонија, СДС и ДУИ кои се борат само за да продолжат со криминалот и корупцијата и за спас од заслужената казна. Нивното време неповратно помина, а за злоделата мора да одговараат.

Споделете го текстот

Споделете

Пристапница компакт

пополнете пристапница кон спм

Пополнете ја пристапницата по што ќе ве контактираме за комплетирање на пристапувањето кон членство во Социјалистичка Партија на Македонија

Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашиот телефонски број во формат +389 7X XXX XXX
Внесета ја вашата email адреса
Внесете ја годината на раѓање
Изберете ја општината во која имате постојано место на живеење.

изберете тип на членство

Сакам да се зачленам во следните организации

Политичка програма

Политичка програма на Социјалистичка Партија на Македонија