Пендаровски секогаш бара вина кај другите

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 19, 2024

Соопштенија

IMG-2e6be3aba072df5407a5b54479c0e8ae-V

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски секогаш бара вина кај другите за неуспесите и грешките што се случиле.

За неуспехот во напредокот кон евроинтеграцијата без срам ја обвинува опозицијата. Неговите бугарски пријатели брскрајно ги сака  да бидат како поддржувачи на процесот и покрај нивно вето и уцените за бугаризација на Македонија што тој ги прифаќа.

Пендаровски не споменува дека криминалот и корупцијата, уништеното судство и обвинителсто и неисполнетите критериуми за членство се пречките со кои тој како претседател не се занимавал, туку чека друг да ги реши.

Признава дека можело и  подобро да владее гарнитурата на СДС и ДУИ но повторно опозицијата му е крива за грешните политики, за осиромашувањето на граѓаните, за криминалот и корупцијата, за штетните закони и меѓународни договори што тој ги поддржа.

Цени дека опозицијата нема шанси во изборите дека тој ќе победи и затоа шири навреди и невистини кон противкандидатите. Пендаровски е против повторното преговарање за штетните договори за кои без срам се фали дека учествувал во нивното подготвување.

Социјалртичката партија на Македонија укажува дека овој самобендисан човек нема капацитет да ја води државата што се потврди во неговиот истрошен празен мандат, во кој, освен оговарање, не сработи ништо за државата, за нејзиното единство и за нејзината стабилност и напредок.

Затоа не треба да се гласа за Пендаровски туку за кадрите предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицковски за премиер, заедно со листите за пратеници на Коалицијата.

Споделете го текстот

Споделете

Пристапница компакт

пополнете пристапница кон спм

Пополнете ја пристапницата по што ќе ве контактираме за комплетирање на пристапувањето кон членство во Социјалистичка Партија на Македонија

Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашиот телефонски број во формат +389 7X XXX XXX
Внесета ја вашата email адреса
Внесете ја годината на раѓање
Изберете ја општината во која имате постојано место на живеење.

изберете тип на членство

Сакам да се зачленам во следните организации

Политичка програма

Политичка програма на Социјалистичка Партија на Македонија