Неосновани обвинувања од страна на Вицепремиерот

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 5, 2024

Соопштенија

435924981_815714663927538_3469562847340295132_n

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека вицепремиерот Фатмир Битиќи има очигледни проблеми и тој конфабулира за прашања кои се од неговата неуспешна политика.

Обвинувајќи ја опозицијата за наводни фиктивни термини за добивање личи документи или за само нему познати паралени системи, за нефункционирање на институциите и за бел штарјк на администрацијата Битиќи индиректно ги призна неуспесите на економските политики на власта што тој ги претставува.

Целосниот крах на решенијата за кои се залага и за коруптивните и матни инвестиции што упорно ги брани го прават недостен и неспособен за функцијата што ја врши.

Заради непреболените претседателски амбиции Битиќи не ги согледува негативните појави кај СДС и ДУИ и неправедно обвинува други дека сакаат да ја заробат државата и институциите.

Власта на СДС и ДУИ не само што ја зароби туку ја изолира и ја испокраде државата со милијарди евра, осиромашувајќи ги работниците, пензионерите, земјоделците и студентите.

Токму од тие граѓани СДС и Битиќи бараат уште еден мандат за да продолжат со крадење, со криминал и корупција, со лажење, со инфлација, со отсуство на раст на БДП и тонење во се подлабока сиромаштија.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека токму колапсот што го предизвикуваат СДС и ДУИ на македонската економија и држава ги принудува граѓаните масовно да се иселуваат.

Тие процеси мора да престанат и да се променат на претстојните избори и оваа криминално коруптивна гарнитура на СДС и ДУИ неповратно да си оди и да одговара за злоделата што ги направила.

Споделете го текстот

Споделете