На лагите на ДУИ им нема крај
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
April 19, 2024
Вести
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека режираната претстава на ДУИ во функција на претстојните избори е најава како оваа партија замислува во целост да управува со државата.
Ако правилно се сфатат пораките, симулацијата како бурлеска на ДУИ е закана за сите кои треба сериозно да се загрижат за стремежите на оваа група, која не престанува со понижување на сите во Македонија.
Особено сериозно треба да ги сфатат пораките странските фактори кои даваат поддршка на оваа фашизоидна групна претстава која има за цел да ја дестабилизира државата со долгорочни последици.
Пораката е скриена меѓу редови: или ќе биде како што ние сакаме или ќе се случи преземање на државата само од функционери на ДУИ, ама сега си вежбаме тоталитаризам на дело.
Ненамерноста и сличноста се намерни и реални во раштиманата политичка сцена во државата. Ако никој не верува во сериозноста на намерите на ДУИ треба да си се преиспита, зошто може да стане сериозно отпосле. Ќе следат оправдувања дека ние само покажувавме, симулираме, ама не мислиме дека така треба, погрешен е преводот и слично.
На лагите од оваа банда на ДУИ им нема крај како и на аспирациите за целосно преземање на сите функции во државата. Веројатно некој им го ветил тоа и сега само си прават симулација за тоа што го сакаат.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека кадрите на ДУИ мора да заминат во историјата за да сфатат какви последици предизвикуваат и дека постојано иритираат со нечесни криминални намери и цели.
Единствен спас е масовното излегување и гласање за кадрите предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ за Гордана Силјановска заедно со листите за пратеници на Коалицијата, што ќе значи завршување на 20 годишното криминално владеење на ДУИ заедно со СДС.
Споделете го текстот
Споделете

