Манипулација со показателите за растот на платите
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
April 5, 2024
Вести
Социјалистичката партија на Македонија го оценува прикажувањето на растот на плати во Македонија во изминатите 7 години од вицепремиерот Фатмир Битиќи како шарена лага или како приказна за неуки деца.
Презентирајќи повеќе показатели за да биде поубедлив Битиќи несоменено прави лажна партиска претстава во функција на претстојните избори дека СДС и ДУИ се најуспешна власт во растот на платите.
Бројките не кажуваат ништо освен дека номинално вредноста на парите се менува но не и нивната куповна моќ. Битиќи неубедливо лаже со оглед дека растот на платите не го компарира со растот на инфлацијата и на цените во истиот период. Целта не му е реален приказ туку замаглување на реалноста.
Граѓаните во Македонија веќе не им веруваат на ваквите лажни шарени приказни зошто на свој грб ги чувствуваат последиците од лошите политики на СДС и ДУИ, од криминалот и корупцијата што се одрази на нивнииот стандард.
Куповната сила на парите заради инфлацијата е драстично намалена и ваквите показатели се уште еден мотив за иселување на граѓаните, па и тие со високи примања кои не се доволни да се покрие потрошувачката кошничка. Граѓаните се осиромашени, а особено пензионерите, работниците и студентите.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека токму ваквите политики на СДС и ДУИ ја враќаат државата назад и Македонија е на дното во однос на висината на платите во Европа. Кочничар на европскиот пат се овие две партии кои работат против интересите на граѓаните и на државата во целина. Изборите може да го променат тоа, граѓаните се тие кои одлучуваат за иднината и просперитетот на Македонија.
Споделете го текстот
Споделете

