Македонија горда
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
April 25, 2024
Вести
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека народната воља на вчерашните претседателски избори триумфира, граѓаните си ја сакаат државата и со изборна победа гласаа за Македонија да биде успешна и горда.
Се потврди дека Македонскиот народ во најважните историски мигови знае правилно да процени и ѝ даде на државата поддршка, во слога и напредок да опстои во најтешките години на искушение.
Врмето на криминалците, лажговците и корумпираните политичари од СДС и ДУИ поминува, го осиромашија народот кој не ги сака и не ги прифаќа нивните лажни ветувања. Актуелната власт што ја понижи својата држава и народ мора да си оди и таа шанса не смее да се пропушти.
Граѓаните се тие кои знаат што се и што треба да одберат, кој да ги води и да ги оствари желбите и старемежите за напредок и подобар стандард.
Врме е да ја вратиме гордоста на Македонија и во вториот круг масовно да се излезе на избори и да се повтори желбата на народот да си сочува и развива државата, а со неа да управуваат чесни и правдољубиви претставници кои народот ги сака.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност во вториот круг за да се избере за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова,
Огромна доверба и глас заслужува Коалицијата „Твоја Македонија“ која има јасна програма и визија каде да се движи и развива Македонија.
Само така со правилен избор ќе се потврди желбата на секој Македонец што си ја сака тактовината да се развива во успешна и просперитетна држава членка во европското семејство.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека промените се неопходни и тие ќе обезбедат надеж, раст, развој и гордост за секој Македонец да ја чувствува државата како своја и да управува со неа.
Споделете го текстот
Споделете

