Коментар на одлуката на Стејт Департментот

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 5, 2024

Вести

IMG-2e6be3aba072df5407a5b54479c0e8ae-V

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од одлуката на Стејт департментот со која Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се ставени на Црната листа на САД заради криминали и корупција.

Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации.

Правните норми мора секаде да се почитуваат и со право се укажувањата од стратешкиот пртнер САД дека за ваквите потврдени криминали мора да се одговара.

Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.

Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош.

Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство.

Споделете го текстот

Споделете

Пристапница компакт

пополнете пристапница кон спм

Пополнете ја пристапницата по што ќе ве контактираме за комплетирање на пристапувањето кон членство во Социјалистичка Партија на Македонија

Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашиот телефонски број во формат +389 7X XXX XXX
Внесета ја вашата email адреса
Внесете ја годината на раѓање
Изберете ја општината во која имате постојано место на живеење.

изберете тип на членство

Сакам да се зачленам во следните организации

Политичка програма

Политичка програма на Социјалистичка Партија на Македонија