Став на СПМ за предлог закон за учебници

Вчера со повлекувањето на Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование, победи разумот наспроти ароганцијата на Мила Царовска.
Пратеничката група на Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги искористи сите можни и пред се демократски права кои ги нуди Деловникот на Собранието да го спречи носењето на овој штетен и дискриминаторски закон.
И покрај инаетењето и ароганцијата на министерката Мила Царовска како пратеници нема да дозволиме обезличување на идните генерации и експериментирање со најважната категорија на граѓани, а тоа се учениците.
Таканаречената реформа, да се менува на ваков радикален начин концептот на учење преку исфрлање на хартиени учебници и сето тоа во време на пандемија кога бројот на ранливи категории на граѓани е огромен, мораше да заврши на ваков начин.
Како пратеничка група и покрај повлекувањето на законот, будно ќе ја следиме ситуацијата бидејќи свесни сме дека СДСМ и Мила Царовска можеби повторно тактизираат само за да се повлече иницијативата за референдум која беше покрената од граѓански иницијативи и повторно да го вратат овој закон во Собрание со злоупотреба на европското знаменце.
Сакаме да и порачаме на Мила Царовска дека време е да стане свесна за штетните политики кои ги води во овој многу битен ресор и да си даде оставка бидејќи единствено што како министерка покажа е самобендисаност, ароганција и задкулисни игри кои се на штета на нашите деца.
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *