Честит 13 ноември – Ден на ослободувањето на Скопје
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
November 13, 2025
Вести
На осумдесетипрвата годишнина со гордост и длабока почит се сеќаваме на ослободувањето на Скопје – преломен настан во нашата историја кој останува врежан во македонската свест, со силно влијание и во денешните услови.
Чинот на храбрите македонски воини кои пред бугарскиот фашистички окупатор беа подготвени да ја положат својата младост, својот живот и своите идеали за слободата на нашиот главен град претставува цврста основа на нашата сегашност и постојан потсетник за нашата обврска да го сочуваме и да го надградуваме тоа што е создадено пред нас.
Оваа слобода за која пред осумдесет и една година нашите партизански ослободители крвареле и силно се бореле со оружје и страдања денес бара од нас да вложиме разум, посветеност, одговорност и чувство за висока приврзаност кон Татковината. Особено денес во слободна и независна Македонија кога за остварување на целите за нашата иднина сме соочени со бројни предизвици, уценети и условени од истите од кои се ослободувавме. Зато ни се потребни мудроста, трпението, знаењето и единството за да ја обновиме нашата сила.
Затоа жртвата на храбрите македонски борци од скопските партизански одреди уште повеќе останува наш светол патоказ – за нашето Скопје, за Македонија и за нашите идни генерации Македонци.
Слободарското Скопје – градот наш, сведочи за културата што растеше и се обликуваше со текот на времето, за образованието, за науката и уметноста кои со возвишен дух и инспирација го исполнуваат во секоја негова пора, подеднакво на цела Македонија..
Честита да ни е годишнината од ослободувањето на Скопје.
Споделете го текстот
Споделете

