Честит 1 мај
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
May 1, 2026
Вести
Честит 1-ви Мај на сите кои со својот труд и посветеност градат подобра иднина за сите нас!
Денот на трудот е симбол на борбата за работничките права и достоинството. Да го чуваме трудот, да се грижиме за работникот и да градиме подобра иднина за сите!
1-ви Мај во историјата е врежан како симбол на човечкото достоинство и непокорот. Денес не се потсетуваме само на минатото и на историските борби за осумчасовен работен ден, денес гласно зборуваме за слободата на трудот и за вредноста на секој поединец во нашето општество.
А токму работниците се темелот на секое општество.
Ако трудот го создал човекот, денес порачуваме дека трудот мора да го почитува човекот!
Вистинската слобода на трудот не е само правото на работа, туку тоа е и правото на достоинствена работа. Тоа е правото на правична плата, на социјална сигурност и на безбедна иднина за нашите семејства.
Трудот не смее да биде товар или експлоатација. Тој треба да биде креативна сила преку која секој од нас се остварува себеси и придонесува за заедницата која подеднакво се грижи за секого.
Затоа, денес ја славиме солидарноста, онаа невидлива нишка што нè поврзува сите нас, без разлика на професијата.
Кога еден работник е обесправен, сите сме засегнати. Кога еден напредува, сите одиме напред.
Ви посакуваме овој празник да го поминете спокојно, но и со обновена надеж. Нека ни биде мотив да продолжиме да градиме општество во кое социјалната правда не е само пишан збор, туку реалност што ја живееме. Општество во кое трудот е ценет, а работникот е слободен, достоинствен и горд.
Да живее трудот!
Да живее солидарноста!
Честит 1-ви Мај!
Ваша
Социјалистичка партија
на Македонија
Споделете го текстот
Споделете

