Честит Илинден
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
August 2, 2025
Вести
Почитувани Македонци,
граѓани на Македонија,
Илинден е најголемиот македонски национален празник со посебно значење во памтењето на македонскиот народ.2-ри август 1903 година и Илинденското востание и 1944 година со оддржувањето на Првото заседание на АСНОМ.Затоа овој празник е длабокиот белег на сето она за што сме чезнееле, она што го имаме и го живееме денес, но и она што го посакуваме за во иднина.Илинден е трајниот белег на историската борба на македонскиот народ за национална слобода и стремежот за самостојна македонска држава.Илинден е денот кога силно ја изразуваме големата благодарност кон сите македонски херои кои со својата пожртвуваност се вградени во нашето денес да живееме во современа, независна и меѓународно призната држава.Споменувањето на нив е поттик да продложиме во мир и во заедништво да ја градиме државата во духот на демократијата и европските вредности.
Ние, современите македонски социјалисти длабоко им се поклонуваме на нашите претходници великани, македонските херои, илинденците и борците од Народно ослободителната борба и револуција, и на нивните жртви кои се темелот на македонската државност.
Нивното дело е силен мотив за нови достигнувања, крупни промени во македонското општество и развој на Македонија на секое поле. Тоа е основата за градење на нашето единство и сплотеност како дел од борбата за Македонија која ја водиме и денес. Наметната и неразумна борба за сочувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и нашето национално достоинство.Борба во која повторно ќе излеземе победници над истите оние од нас различните кои секогаш бивале поразени.
Нека ни е честита 122 годишнината од единственото и само македонско Илинденско востание и 81 годишнината на АСНОМ!Честит да ни е светлиот и свет Илинден!Честит да ни е Денот на Републиката!
Љупчо Димовски,Претседател на Социјалистичката партија на Македонија
Споделете го текстот
Споделете

