Честит Божиќ

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

January 7, 2025

Вести

божиќ

Со Божиќното празнување се навраќаме на историскиот настан кога Синот Божји стана и Син Човечки за да го покаже патот до вистината која носи надеж за живот.

Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос ја претставува и најсилната потврда на вроденото човеково достоинство и внатрешните вредности на секој човек.

Оттаму, ние сме обврзани љубовта кон Бог и посветеноста во нашата вера да ја искажеме преку почитувањето на нашите ближни, нашите семејства, нашите соседи, нашите сонародници и сите наши сограѓани.

Затоа повеќе од кога и да било порано во Македонија ни е потребно одново да ја откриеме таа почит.

Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно општество во кое ќе владеат праведни закони.

Ова е денот кога ќе можеме да си ја повратиме нашата самодоверба, нашето достоинство и гордост што ќе ни помогне повторно да чекориме во изградба на државата и во сочувување на нацијата.

Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје.

На сите граѓани кои го прославуваат празникот им посакувам заедно и со отворени срца да ја прославиме радосната вест за Христовото раѓање.

Христос се роди!

Споделете го текстот

Споделете