Честит празник Свети Климент Охридски

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

December 8, 2024

Вести

1

Почитувани православни Македонци,

Чествувањето на празникот Свети Климент Охридски, патронот на нашата древна Македонска православна црква-Охридска архиепископија, основачот на Охридската Книжевна школа и архитектот на кирилското писмо и старословенска култура претставува чин од огромно значење не само за Македонија, туку и за европската култура и цивилизација.

Само и единствено нашиот Свети Климент неуморно работел на образовно, морално, етичко и духовно издигнување на македонскиот народ. Не давајќи им сон на своите очи, тој кај луѓето ги всадил позитивните навики на срцето-солидарноста, трудољубивоста, гостопримството,, трпението, разбирањето и милоста.

Визијата на Свети Климент Охридски и на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет е вградена во темелите врз кои денес опстојува човечката цивилизација.

Свети Климентовото дело и мисија се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност е исконска должност.

Нека ни е честит празникот Свети Климент Охридски!

Ваша

Социјалистичка партија

на Македонија

Споделете го текстот

Споделете