Христос воскресна

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 12, 2026

Вести

1000061135

До Неговото Блаженство,

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Ваше Блаженство,

Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како Заменик-претседател на Владата, Вам, на свештенството и на верниот народ на нашата древна Македонска православна црква Ви упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден.

Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација за сите нас да истраеме во зачувувањето на нашите духовни и национални вредности. Во овие празнични денови Вашето Блаженство го препознаваме како наш духовен татко и пастир кој не води кон Христовиот пат и со посебна почит се осврнуваме на улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија како вековен стожер на македонскиот идентитет и духовен патоказ на нашиот народ.

Ние остануваме посветени на градењето на праведно општество засновано на солидарност, меѓусебна почит и единство. Веруваме дека само преку заедништво и силна верба во општото добро, можеме да обезбедиме просперитет и стабилност за нашата Татковина.

Воскреснатиот Господ Исус Христос нека Ви подари духовни и телесни сили за понатамошно успешно водење на македонскиот православен народ. Се молиме Вашиот архипастирски благослов секогаш да не следи, поттикнувајќи не на мир, братољубие и единство, а Вашите молитви и благослови нека бидат наша заштита.

Радосната вест за Христовото Воскресение нека донесе мир, љубов и благосостојба во секој дом и кај сите кротки верници на нашата Света Црква.

Христос Воскресна!

На многу лета, Владико свет!

Споделете го текстот

Споделете