СПМ ја отфрла Декларацијата со таканаречените црвени линии понудена од СДСМ
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
September 2, 2025
Вести
Социјалистичката партија на Македонија ја отфрла Декларацијата за ткн.црвени линии, документ понуден од СДС.
Сметаме дека СДС е најмалку повикан да манифестира загриженост за македонските национални и државни интереси затоа што токму оваа политичка партија го изврши историски најголемото предавство на македонскиот народ и македонската држава бришејќи ги и АСНОМ-ските темели на македонската државност, вградени и во современиот Устав на Република Македонија.
Повторно ќе потсетиме на Сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси понудена од Социјалистичката партија на Македонија во февруари 2017 година и нејзиното игнорирање и отфрлање од СДС.
Ќе потсетиме и на Резолуцијата за заштита на националните интереси од 2021 година акламативно усвоена во македонското Собрание.
Што е тоа што дополнително би го предложиле од СДС што не е вградено во споменатите документи?
Уште позначајно е прашањето од каде СДС го црпи правото воопшто да отвара теми за кои го покажа својот апатридно анационален лик и недостатокот од основни чувства за припадност што претставува траен белег за оваа партија.
Грижата за националните и државните интереси е грижа на македонскиот народ и граѓани, тоа веќе не претставува обврска на партијата која повеќе пати го има предадено сопствениот народ и држава.
Впрочем и граѓаните со гласањето на минатогодишните парламентарни избори му го одземаа тоа правото на СДС.
Споделете го текстот
Споделете

