СПМ повикува на масовна излезеност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција Коалицијата „Твоја Македонија“

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

October 2, 2025

Вести

IMG-1552ad00033c388d1cd96f8da5ae30de-V

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од безобѕирната реторика што деновиве ја нудат лидерите на СДС и ДУИ во предизборните настапи и говори.

Наместо предлози, проекти и визија за иднината на земјата и на граѓаните во локалните заедници тие предлагаат насоки за уништување, раздор и поделба на државата. Наратив кој е добро позната на македонската јавност.

Со празни и дрски говори и настапи, без идеи и најави за раст и развој, тие се натпреваруваат кој полошо да каже и да ја навреди државата и народот во Македонија.

Со безобѕирни лаги и клевети се трудат да го свртат вниманието од криминалите и злоделата што ги правеа и кои сеуште се обидуваат да ги прават и да не одговараат.

Прочитани се СДС и ДУИ и неможат да очекуваат доверба за лица и партии кои немаат знаење и капацитет да управуваат, но затоа се вешти во манипулациите и лажењето на граѓаните.

Сведоци сме на целосно антимакедонско разголување и партиска демонтажа на политички опции во распаѓање.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција „Твоја Македонија“, Коалиција која единствено се потврди со остварени проекти и политики во интерес на граѓаните и државата.

Споделете го текстот

Споделете