СПМ има целосна доверба во Премиерот Христијан Мицковски за спроведување на сите реформски закони
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
January 14, 2026
Вести
Социјалистичката партија на Македонија со целосна доверба во г-динот Христијан Мицкоски му ја дава поддршката за претставувањето на политичките партии од Коалицијата “Твоја Македонија”, застапени во Собранието на Република Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија особено ја поддржува иницијативата за укинување на “техничката влада” како рецидив од едно минато време оптеретено со политички притисоци, уцени и отстапки од националните и државните интереси. Производот на “Пржинскиот” договор, на кој СПМ се спротивстави уште во неговиот почеток, со себе го носи белегот од последиците кои создадоа трауми од злоупотребите и безочното газење врз достоинството на македонскиот народ и граѓани од страна на владите во периодот што следеше.
Денес, после извојуваната слобода од сите наметнати стеги од претходната власт, Македонија и нејзините граѓани заслужуваат демократски амбиент во полн капацитет. Еден од условите за тоа претставува и укинувањето на техничката влада со нејзината целосна неефикасност.
Социјалистичката партија на Македонија има изградено став за поддршка на заложбите на македонската Влада за спроведување на реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените во Изборниот законик и укинување на техничката влада.
Споделете го текстот
Споделете

