Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

April 21, 2024

Соопштенија

soopstenie

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Ковачевски си промовира бомбастични елементи без програма со цел да привле гласачи. 

Тој ветува се и сешто, па и членство во ЕУ за 4 години, иако преговорите не се започнати.

Но, Ковачевски ветува и претварање на електроенергетскиот систем во акционерски и подделба на акциите на сите полнолетни граѓани, но не кажува дека дел од тој енергетски систем кајо бомбона бизнис  е одамна продаден на ЕВН.

За глупавото ветување да биде поголемо и  да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51% од акциите.

Ковачевски признава тоа што секому е јасно за компаниската нетранспаретност, за превработеноста и ниската ефикаснот во работењето и нерентабилноста.

Моделот за проценка на капиталот и за поделба на акции го нема ама има големи ветувања како шарена лага. Најавува дека граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби. 

Убаво ветување од неук за неуки.

Компании кои се пред затварање, чиј технолошки век е поминат сега ќе се поделуваат без експертиза и проценка колку вредат и колкава ќе биде вредноста на акциите.

До гуша во криминал заглавениот СДС претходно ги приватизира најдобрите комапнии по еден поранешен модел, па откако ги ограби работниците и ги претвори во технолошки вишок сега повторно им дава измислена надеж со лажни бескрајни ветувања, без реална основа. По втор пат сака на ист начин да изврши грабеж.

Неговата понуда е избор помеѓу лажна надеж, или лага, и безнадежност, или уште поголема лага. Ковачевски со ваквите настапи очекува победа на агентот од службите, променливиот Стево Пендаровски и на кандидатите на СДС за да продолжат со криминалот, крадењето и корупцијата, како до сега и без крај.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека доста се ваквите празни зборови на човек кој не е избран на избори и не ги знае очекувањата на граѓаните.

Затоа на изборите мора да победи надежта што ја носи Коалицијата „Твоја Македонија“ со јасна програма и визија каде да се движи и развива Македонија.

Споделете го текстот

Споделете

Пристапница компакт

пополнете пристапница кон спм

Пополнете ја пристапницата по што ќе ве контактираме за комплетирање на пристапувањето кон членство во Социјалистичка Партија на Македонија

Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашето комплетно име и презиме на кирилица
Внесете го вашиот телефонски број во формат +389 7X XXX XXX
Внесета ја вашата email адреса
Внесете ја годината на раѓање
Изберете ја општината во која имате постојано место на живеење.

изберете тип на членство

Сакам да се зачленам во следните организации

Политичка програма

Политичка програма на Социјалистичка Партија на Македонија