Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

May 20, 2024

Вести

soopstenie

Социјалистичката партија на Македонија цени дека продолжувањето со напади е оркестрирано уценување на легитимна државна институција со цел да се ограничи правото на говор и мисла што е универзално право на секој човек. 

Ескалираат и пишувањата и говорењата на разни медиумски ликови со крајно сомнителен кредибилитет, сведоци или учесници во криминални дејствија. Тие кои се навикнати и платени да ги глорифицираат СДС и ДУИ и нивните предавнички политики. 

Тоа кај македонскиот народ повеќе не поминува, а на изборите тие се прозрени и отфрлени како помагачи на носителите на политиките спротивни на националните и државни интереси.

Притисоците од овие лица Македонија да ги прифаќа сите барања од странство се срамни и недопуштени. Народната волја мора да се почитува од сите и од дома и од надвор за единство на државата Македонија.

Влезот во ЕУ го ограничија токму таквите бескрајно попустливи политики на СДС и ДУИ кои одработија за туѓи и за свои лични интереси, а против сопствената држава и народ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека Коалицијата „Твоја Македонија“ со поддршката што ја доби е единствен легитимен претставник на народот за изразување и градење на политики и за одбрана на Македонските национални интереси и идентитетски обележја.

Споделете го текстот

Споделете