Соопштение
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
May 18, 2024
Вести
Социјалистичката партија на Македонија подредувањето на Бујар Османи на македонските Албанци на легитимни и нелегитимни го смета за срамно и ниско однесување на министер без почит кон сопствениот народ и кој бескрпулозно бара по секоја цена да остане во власт, не почитувајќи ги изборните резултати.
Османи кој ја посрамоти државата Македонија дома и во странство безброј пати, а остана на функцијата министер само заради неспособноста на СДС да го смени и да не ја изгуби власта и коалицијата со ДУИ.
Свесно настапувајќи кон рушење на меѓународниот углед на Македонија, Османи, со срамните договори и протоколи, ќе биде едукативен пример како не треба да се претставува сопствената држава во странство. Ги навердуваше сите кои не се согласуваа со него, умислено претставуваќи се за идеален, а во суштинс е неспособен и неук за дипломатијата што се потврди повеќе пати.
Преполн со омраза тој бара да се почитуваат принципи кои неговата партија ДУИ ги погази, а врз криминална основа и со корупција сака да прододлжи да владее.
Османи користи приучен дипломатски јазик и влијание само кога лобира за Косово, а во сите други прилики ја изостава Македонија со што ги покажува сопствените фрустрации и комплекси.
Последиците од мандатот на овој абдоминален хирург се страшни и предавнички па само со длабок хируршки рез мора да се отстрануваат со години.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека помина времето на вакви приучени поединци кои како дипломати залутале во професијата, но е длабоко присутен во сферата на самобендисаност, што е целосно неприфатливо.
Споделете го текстот
Споделете

