Соопштение
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
February 20, 2026
Вести
Социјалистичката партија на Македонија смета дека изборот на Државен јавен обвинител мора да биде надвор од инфантилните партиски игри и отворената политичка пресметка наметнати од опозицијата која најмалку има право да зборува за правото и правната држава. Тие беа погребани во времето на нивното седум годишно безумно владеење во Македонија.
Изборниот резултат и собраниското мнозинство на Владата и го овозможуваат легитимитетот и правото за одлука и предлог кој ќе се достави до Собранието.
Неоговорно е отварањето на дискусија и конфронтација од одреден засегнат кандидат за Државен обвинител, затоа што времето на хелиоцентрични обвинители од крајно искомпромитираното и корумпирано СЈО е завршено.
Затоа што изборот на Државен обвинител е заснован на квалитет, стручност и кредибилитет, но и на етичност, кој не секој ги поседува.
Тоа се критериумите според кои Владата се раководи или можеби некој смета дека Владата и парламентарно мнозинство немаат право за одлучување и за избор на Државен обвинител.
Социјалистичката партија на Македонија има изграден став за одлуката на Советот на јавни обвинители, но во интерес на текот на постапката не излезе со реакција.
Затоа ја даваме целосната поддршка на Владата за слободно одлучување и избор на Државен обвинител кој на достоинствен начин со стручност, знаење, праведност и правичност и со почитување на законот ќе ја извршува оваа одговорна должност.
На Македонија и е потребно владеење на правдата и тоа мора да почне без оглед на суетата и нереалните амбции на компромитирани лица или на паничната реакција на опозицијата свесна за доаѓањето на полагање сметка и одговорност.
Споделете го текстот
Споделете

