Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

October 6, 2025

Вести

IMG-1552ad00033c388d1cd96f8da5ae30de-V

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека во предизборните настапи од страна на опозициските СДС и ДУИ се негира сè што е постигнато во државата од владеачката Коалиција „Твоја Македонија“. Самите тие што со години ја уништуваа државата и не можат да понудат ништо за граѓаните на локалните избори, срамно ги оцрнуваат сите што имаат визија, планови и желби и знаат како државата да оди напред.

СДС во врховистички занес упорно инсистира на прифаќање на предавнички документ што го нарекува резолуција за да се амнестираат неговите раководствс од велепредавството што го направија и за закочувањето на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.

Со неразмуна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите и ги запреа напредокот и развојот. 

Појавувањето на лидерот во сенка и политички и секаков криминалец Зоран Заев, кој во медиумите настапува во одбрана на СДС и Филипче, е доказ дека се уплашени од злосторството што го направија и за тоа што им следува како предваници на народот.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека секој што правел криминали и злодела и сеуште се обидува да ги прави неизбежно е судски да одговара, на што СПМ особено ќе внимава. Граѓаните се свесни, знаат и не прифаќаат лаги и манипулации што ќе се потврди со гласањето на изборите и со масовната излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција „Твоја Македонија“.

Споделете го текстот

Споделете