Соопштение

Untitled-design (1)
автор /

Прес центар на СПМ

Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ

May 16, 2025

Вести

IMG-bf1bf737a37c38c5808d14693944cdb6-V

Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од ставовите и изјавите на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошт, оценувајќи ги како очекувани.

Ќе потсетиме дека “она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара”, може единствено да се однесува на соддржината на Лисабонската Декларација, но не и на уцените на Софија и условувањето од Кошта.

Наместо очекувањата на ЕУ земјава да го исполни договореното за да ги започне преговорите за членство, Македонија очекува ЕУ да ги почитува и да ги исполни сопствените критериуми од Копенхаген.

Социјалистичката партија на Македонија ги цени како прилично лесно изречени и несериозни одговорите на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот.

Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ им служеа единствено како средство за остварување на личните и поинакви амбиции. Оттаму впечатокот и за високиот гостин за неговиот потценувачки сарказам и неискреност, кои во најблага форма би се свел на негова неупатеност од што ќе произлезе оценката за бесполезност и неуспешност на неговата посета.

Социјалистичката партија на Македонија ја упатува јавноста дека почитуваниот господин Кошта, невнимателно игнорирајќи го историскиот контекст, отворено застана зад одредени империјални интереси, стотици години стари, и зад негаторскиот и антимакедонски однос на источниот сосед, како нивни производ и како крајна цел на една политика против која во денешно време најмногу ЕУ се спротивставува и бори, наводно.

Социјалистичката партија на Македонија цврсто застанува зад одлучноста и децидноста на македонската Влада во одбивањето на неразумните и антицивилизациски бугарски ставови и зад принципиелноста во одбраната на македонските позиции, односно македонските црвени линии.

Социјалистичката партија на Македонија го дели ставот дека продолжувањето на преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ е потребно да се одвиваат на релација Скопје-Брисел или во непосреден дијалог на највисоките авторитети на Македонија и ЕУ.

Споделете го текстот

Споделете