Соопштение
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
May 8, 2025
Вести
Посетата на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на Македонија ја потврди блискоста, соработката и пријателство на двете држави меѓу кои нема отворени прашања и од таму оценките кои ги даде хрватскиот претседател за патот на Македонија во Европа заслужуваат внимание.
Затоа СПМ со внимание го прифати укажувањето на претседателпт Милановиќ дека „Македонија не треба да трпи никакави изнудувања во замена за членството во Европската унија“.
Тоа е јасно и прецизно дефинирано за Македонија која станува жртва на принуда од страна за да и биде одобрено членство во ЕУ. Уцените и притисоците кои се изразени од Бугарија и од Грција за идентитетските прашања и промените на историските факти се одлично забележани од Хрватскиот претседател. Таквата оценка само ја потврдува реалната слика во која се наоѓа Македонија, но ја согледуваат и во други средини.
Затоа СПМ истакнува дека Македонија како самостојна и суверена држава треба да проддолжи да не подлегнува на уцени и притисоци кои се опасни по незиниот идентитетт и по граѓаните.
СПМ повторно укажува дека влезот во ЕУ не може и не смее да биде по цена на губење на идентитетот, јазикот, историјата и културата на Македонија, а преговарањето може да се води само врз рамноправни основи и со почитување на критериумите од Копехаген и принципите на меѓународното право.
Споделете го текстот
Споделете

