Новогодишна честитка на претседателот на Социјалистичката партија на Македонија
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
December 31, 2024
Вести
Почитувани граѓани на Македонија,
Во годинава што ја поминавме се остварија очекувањата и надежите кои сите длабоко во себе ги имавме.
После долги седум години во длабока опозиција и понижувања си ја вративме слободата, а на нашиот народ му ја вративме државата. Ги издржавме сите жестоки притисоци, уцени и условувања спротивставувајќи се со нашата одлучност, сплотеност и единство.
Ја научивме лекцијата дека само заедно можеме да се справиме со сите предизвици и само со народот да ја обезбедиме правдата која сите ја посакувавме.
Годината ќе ја памтиме по големиот изборен триумф и по поддршката од нашиот народ и сите граѓани на Македонија, затоа нашата одговорност е уште поголема.
Во следниот период не очекува макотрпна работа да ја стабилизираме државата, да го развиваме стопанството, да го подигнеме стандардот на граѓаните, да обезбедиме сигурност, но и да ја вратиме довербата во институциите.
Да го оздравиме нашето болно општество и да ги вратиме вистинските вредности, да ја сочуваме нашата нација враќајќи ја самодовербата и нашата гордост.
Ние сме поразлични од другите, затоа што ние се раководиме од потребите на граѓаните и затоа што го слушаме гласот на народот.
Ние во Социјалистичката партија на Македонија се грижиме за секој човек, затоа што ги споделуваме проблемите заеднички.
Затоа што сме обврзани за зголемување на платите и пензиите, за новите стопански инвестиции и отварањето на нови работни места.
Со народот ќе се избориме за вистинската правда, подеднаква за сите и без повластени.
За нова, современа, напредна и достоинствена Македонија, социјална држава која ќе се грижи за секој граѓанин подеднакво.
Во Новата 2025 година на сите во Македонија ви посакувам среќа, просперитет, успех, љубов, надеж и единство!
Споделете го текстот
Споделете

