ДУИ жедна за власт и за спас од одговорноста, постапува противуставно со најавата на поделба на државата
автор /
Прес центар на СПМ
Прес центарот на СПМ се грижи за континуирано информирање на своите членови и симпатизери во врска со заложбите, активностите и плановите на СПМ
September 25, 2025
Вести
Последните изјави кои доаѓаат од Демократската Унија за интеграција соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии.
Најмалку во ДУИ можат да бидат загрижеи за евроинтегративниот процес на Македонија. Неможат затоа што како тиранин повеќе од 20 години безочно владееја со Македонија крадејќи ги сите нејзини ресурси и злоупотребувајќи ја власта.
Притоа тие имаа можност да покажат колку се европски, а не криминално ориентирани.
Оваа партија на бизнисмени се наоѓа пред понесување на одговорноста за сите криминали кои ги направи во претходниот период. За спас од одговорноста таа излезот го наоѓа во сеењето омраза и поделби, отворено најавувајќи сценарио на сецесионизам.
И во опозиција ДУИ, жедна за власт и за спас од одговорноста, постапува противуставно со најавата на поделба на државата.
Во очи на почеток на кампањата за локалните избори, наместо за проблемите во локалната самоуправа со кои најнепосредно се соочуваат граѓаните тие отвараат глобални теми, наместо понуда на идеи и проекти од ДУИ нудат концепт на поделби и разградувања.
Споделете го текстот
Споделете

