Posts

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ќе достави предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче заради лошиот менаџмент на здравствената криза која што кулуминираше со трагичниот случај на новоизградената болница во Тетово која што се запали и за жал однесе 15 човечки животи.
Оваа предлог одлука ја засноваме на членот 68 од Уставот на Република Македонија, а слична таква предлог одлука доставиле оние кои што денеска ја критикуваат односно пратеничките групи на СДСМ и НСДП во 2013 година, 25 октомври врз основа на овој член доставиле предлог одлука за разрешување токму на оваа уставна норма.
Она го кажа Претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери дека тој ќе одбие една ваква предлог одлука како неоснована, ние имаме едно прашање за господинот Џафери.
Дали господинот Џафери е избран од граѓаните кои што треба да ги штитиме или тој е избран за да ги штити министрите?
После една ваква катастрофа кава што беше горењето на болницата во Тетово, сметаме дека Талат Џафери треба да се стави во улога на заштита на граѓаните и конечно да искаже политичка воља оставката на Венко Филипче да биде констатирана во Собранието бидејќи после една ваква катастрофа најмалку што може Собранието да направи за граѓаните е да ја констатира оставката на Филипче, а потоа истражните органи да си ја водат работата кон тоа дали и кој сноси кривична одговорност.
Има и прашања зошто не поднесовме Интерпелација за Венко Филипче што е исто така уставна и деловничка можност, одговорот е едноставен. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ пред три години поднесоа интерпелација против тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и таа интерпелација Талат Џафери три години ја криеше во фиока, никогаш не дојде на дневен ред. Имаме уште неколку тековни интерпелации поднесено против министри од тековната Влада и Талат Џафери сеуште ги чува во фиока и не се дојдени на дневен ред. Затоа, не сакаме да си играме со ваквите можности затоа што Талат Џафери се поставува како заштитник на министрите, како да е министер во Владата, а не Претседател на Собранието како граѓански демократски дом.
Затоа цениме дека оваа катастрофа во Тетово кон жртвите, нивните семејства, но и кон сите пациенти и граѓани треба да ја завршиме со констатација на оставката на министерот Филипче тука во Собранието и да се избере нов министер за здравство кој што ќе може на подобар начин да го води овој ресор.

Пожарот и одговорноста

Пожари постојат откако постои човекот. Огнот е пријател за опстанок на луѓето кога им треба греење и топлина, но често може да биде и голем непријател особено во современото урбано живеење.
Трагедијата со модуларната болница во Тетово само ја потврди неспособноста на системот да изгради рационална и ефикасна структура за здравствена заштита на граѓаните. Обични пластични, скапо платени, бараки без потврдена сигурност за животот и здравјето на луѓето.
Одговорност за тоа нема!
Но затоа “имаме” власт неспособна да се справи со огнената стихија и со последиците од неа.
Изразуваме сочувство за жртвите и нивните семејства.
Поддршката доаѓа од сите средини.
Но тоа не ја ублажува нивната болка и загуба.
Се бара одговорност и со право, а грешки има, очигедни се и мора да се утврдат.
Пожарите кои беснееја во август годинава покажаа целосна неспособност на системот за справување со огнената стихија. Одговорност за тоа сеуште нема!
Пандемијата однесе над 6100 жители, почина цел еден град.
Одговорност нема!
По Уставот надлежена институција и одговорна за сите состојби во државата е Владата. Неа ја сочинуват министри и сите треба да понесат одговорност. Во Владата се лоцира сета одговорност за жртвите, за пожарите, за криминалите, корупцијата, митото, извитопереното судство, силуваното образование, неизградени патишта, градинки, растот на задолженоста, дефицитот и др.
Оваа власт мора да си оди на чело со премиерот Заев кој се крие, не се соочува со јавноста и со сопствената одговорност.
Се крие зошто е нспособен ни одговорност да превземе.
Пледира дека е водач со решени историски прашања. А токму историјата ќе ја утврди неговата деструктивна и предавничка улога во уништувањето на македонштината, на името на државата, јазикот, историјата.
Затоа се крие.
Народот му се руга и во лице му кажува дека е неспособен. Но неговиот менатлен склоп не размислува за тоа туку како да украде повеќе, како да го зголеми профитот од фабриките за марихуана, од провизиите и се такви нешта.
Пожарите ги однесоа жртвите но ги освестија луѓето со вистински очи да ги согледаат проблемите и да изберат вистински и одговорни водачи на сите нивоа!
Да избереме водачи кои знаат, кои се посветени, национално определени, способни, храбри и одважни за својата држава Македонија.