Posts

ПОБЕДНИЧКА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА КОАЛИЦИЈАТА ”ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”’ ЗА БИТОЛА !!!

Советничкиот тим на Коалицијата “Обнова на Македонија” и на кандидатот за градоначалник д-р Тони Коњаноски за новиот почеток на Битола🇲🇰❗

Социјалистичка партија на Македонија дава силна поддршка на кандидатот за советник и новата гордост на СПМ Битола м-р Марта Ѓоргиевска која на претстојните Локални избори ќе настапи како дел од обединетата коалиција “ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА ”
ПОБЕДА ЗА БИТОЛА❗🇲🇰
ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА❗🇲🇰

ПОБЕДНИЧКА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА КОАЛИЦИЈАТА ”ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”’ ЗА ОХРИД !!!

Пред нас е голема победа‼
Промените почнуваат од Охрид❗
Време е❗
Победничката листа на советници на Коалицијата “Обнова на Македонија”, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Охрид Крил Пецаков❗

ПОБЕДНИЧКА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА КОАЛИЦИЈАТА ”ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”’ ЗА ГЕВГЕЛИЈА !!!

Победничката советничка листа на Коалицијата “Обнова на Македонија” и Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на Гевгелија❗
Поддршка за Надица Ристовска кандидат за советник од Социјалистичката партија на Македонија🇲🇰

ПОГУБНАТА И КАТАСТРОФАЛНАТА ВЛАДИНА ПОЛИТИКА ДЕНЕС ПРЕТРПЕ УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАЗ !!!

Денес победи разумот и грижата за граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, наспроти бизнис интересите на фамилијата Заеви.
Имено, сакаме да ја информираме јавноста дека благодарение на заложбите и упорноста на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“, денес владината коалиција и владејачкото мнозинство, по претходна иницијатива и барање на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“, го повлекоа Предлог – законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, во јавноста попознат како Закон за марихуана.
Во моменти кога ситуацијата во Република Македонија е катастрофална во сите сфери од секојдневното живеење, власта предводена од Зоран Заев и СДСМ без ни малку срам, по којзнае кој пат се обиде да го протне Законот за марихуана во Собранието на Република Македонија, злоупотребувајќи го европското знаменце со цел одбегнување на дебата и аргументирана дискусија од страна на опозицијата.
Како одговорни и загрижени пратеници, за ова грубо кршење на процедурите, злоупотреба на европското знаменце и уривање на парламентарната демократија, брзо и навремено испративме допис и до делегацијата на Европската Унија и дипломатските претставништва во Република Македонија, нотирајќи ја намерата на власта на шверцерски и недемократски начин да си носи закони кои единствено се во интерес на бизнисите на врхушката на власт.
Имено, како резултат на нашата заложба и упорност, успеавме и не дозволивме овој Предлог на закон да помине на мала врата во Собранието на Република Македонија. Успеавме да докажеме дека на оваа власт најважни им се бизнис интересите и коалициските договори, а не интересите на граѓаните и решавање на нивните секојдневни проблеми кои се сурова реалност за огромен број на граѓани.
На крајот, сакаме да потенцираме и да упатиме порака до власта дека како и досега, така и отсега, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ нема да дозволат вакви исти или слични сценарија и обиди на власта за носење на закони штетни за граѓаните, туку напротив силно и без двоумење во секоја прилика ќе ги штитиме и застапуваме интересите и барањата на граѓаните кои ги застапуваме во законодавниот дом на Република Македонија.

НА РАСИПНИЧКОТО ТРОШЕЊЕ НА НАРОДНИТЕ ПАРИ НА ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА МУ НЕМА КРАЈ

За жал ова е уште една изгубена година за Република Македонија. Парите на граѓаните ќе завршат кај криминалците од власта, а за народот ќе останат само долговите, повисоките сметки и сиромаштијата.
За само 4 години, долгот на Република Македонија оваа Влада го зголеми за нови 2,4 милијарди евра односно на 63% од БДП. Од кога е СДСМ на власт, годишно се задолжуваме за нови 600 милиони евра. Вакво неодговорно однесување не е забележано досега во историјата на државата.
Ветуваа живот за сите, а испорачаа живот кој е се’ поскап, цените се’ повисоки, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Основните прехранбени продукти се поскапени за 10-тина проценти во последниве месеци и години.
Како одговорни пратеници во текот на амандманската расправа поднесовме бројни амандмани со кои сакавме да истакнеме три приоритети:
– Заштита на здравјето на граѓаните;
– Стимулирање на економијата преку капитални инвестиции;
– Спречување на расипничко трошење на народните пари;

Жалиме што власта не собра храброст да прифати амандмани за набавка на 20 противпожарни возила, за амбулантни возила, за финансиска помош за текстилната и кожарската индустрија, за враќање на средствата на граѓаните кои се вакцинираа во земји од соседство и многу други амандмани кои суштински ќе направеа разлика и ќе го подобреа животниот стандард на граѓаните.

Македонија е најзадолжена во историјата, а последиците од ова недомаќинско работење ќе ги почувствуваат и сегашните, но и идните генерации.
Ова е доказ дека власта се води од мотото, купи ден – помини, без нималку грижа за последиците.

Пратеничка група
на Коалицијата „Обнова на Македонија“

СТАВ И ЗАДОВОЛСТВО НА КОАЛИЦИЈАТА ”ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”

Дозволете на денешната прес конференција да се истакне нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Обнова на Македонија” и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија.
Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија.
Пратеничка група на
Коалицијата “Обнова на Македонија”