КОНЕЧНО МАСКИТЕ ПАДНААТ !

Врв на цинизмот и лицемерието претставува барањето за “примена” на Уставот токму од оние кои не го почитуваат и постојано го кршат❗
Конечно маските паднаа, со затскривањето зад Уставот не може да се сокрие одбивањето на прифаќањето на Резолуцијата за заштита на македонските национални и државни интереси‼

СМЕНИ ЈА СТРАНАТА, ПРИДРУЖИ СЕ НА ВИСТИНСКАТА !

Смени ја страната, придружи се на вистинската❗
Ваша
Социјалистичка партија
на Македонија

ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ОО СПМ ОХРИД

На ден 12.07.2021 година во просториите на Општинската Организација на СПМ Охрид се одржа осмото изборно собрание.
Во присуство на избраните делегати беа разгледувани повеке точки како и избор на органите на Партијата.
На собранието беше усвоен извештајот за работата на Општинската Организација и повторена заложбата на СПМ , Македонија да застане ЦВРСТО во одбрана на македонскиот Идентитет и Јазик.
Изгласани се Општинскиот одбор, а изгласан е и Извршниот Обор во состав:
Претседател : проф д-р. Александар Блажески;
Потпретседател : Александар Попоски;
Извршен Секретар : Милена Танеска;
Секретар : Јон Чаулев;
Членови : Тони Иваноски, Науме Пуфтоски, Никола Маслов, Гуладин Гуладин, Никола Блажески, Јован Бојчески и Даниела Ангелоска.
Успешна работа за охридските социјалисти.

СКЕПТИЦИЗАМ

Скептицизам
За појавата на скептицизмот има многу теории од антиката па до современите сфаќања. Во денешни услови скептицизмот или сомнежот кај луѓето е се поприсутен. Тие се скептични дали политиката што е ветувана ќе се исполни. Всушност повеќе се реалисти дека ветеното е нереално, само предизборно и е лажно.
Скептици има се повеќе за патот на Македонија кон ЕУ па ги нарекуваме „евроскептици“. Дали се тие во право? После 16 години чекање тие стануваат се поскептични. А власта мати и мати дека само што не се случило тоа што е ветено и дека веќе сме во ЕУ. Само уште бугарските политичари да попуштат и готово, а тие велат ние не ве кочиме туку вие самите си ставате вето. Како да не си скептик после ова дека ЕУ е се подалеку?
Појавата на здравствен скетицизам стана толку масовна што ни штабот на министерот кој го прогласуваа за успешен дека ја победил пандемијата не го докажа тоа. Скепсата наречена антиваксеризам, час се зајакнува, час слабее. А тој шири политика на успеси дека се е во ред. Само здравствениот систем се успал па не се вакцинирале децата со редовни вакцини. Не се успал системот, туку миистерот. кој треба да одговара за тоа.
Најголеми скетпици се земјоделците. Тие директно ги почувствуваа и се соочуваат со лагите од власта. Владата сеуште им ветува субвенции, надоместоци, средства за подршка на производството и извозот, современи средства и механизација. А всушност им скратува од ветеното и тоа со законски решенија. Од ветувањата останаа само големи лаги и приказни во кои не веруваат ни малите деца. Протестите на земјоделците на празникот Петровден се потврда за нивното незадоволство од власта.
Власта не и верува ниту на науката и на знаењето кое таа го нуди. Се сметаат дека се најапаметни па прават земјотрес во образованието. Како да не се скептични родителите кога гледаат дека нивните деца ќе учат виртуелно, добиваат сепомалку знаења, а кога ќе завршат ќе си одат во странство за било која работа.
Политичарите од власта во Македонија се навидум оптимисти но самите се по природа скептични. Знаат дека нема да го исполнат тоа што го ветуваат. Но затоа имаат добро образложение за се. И мислат дека се убедливи, а не се. Со договорите што ги склучи Заев донесе тони и тони скептицизам во Македонија. Ја подели државата и народот, распродавајќи се и сешто од име, идентитет, јазик и се што може да ја деградира државата и државноста.
Уште толку тони лаги и смет се спрема власта да истури во форма на отпад што Европа не го сака. Така било за доброто на граѓаните. А тие стануваат се поскептични и затоа траба добро да размислат за кого ќе гласаат. Во спротивно ќе бидат се понездоволни и се поскептични кон се што постои. Животот е еден и е непренослив, само со оптимизам се живее со полн капацитет.
ЈП

СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОО СПМ КУМАНОВО

Работно тематска Седница на претседателството на Социјалистичката партија на Македонија во просториите на ОО СПМ Куманово во проширен состав со учество на претседателите на ОО СПМ од Изборна единица 2.
Договорени се партиските задолженија со конкретни подготвителни предкампањски активности за Општинските организации и членството на СПМ и негова мобилизација во следниот период до започнување на предизборната кампања за локалните Избори 2021 година.

Пратеничка група на Коалицијата “Обнова на Македонија” цени дека Резолуција треба да биде прифатена со конзензус на сите пратеници

Донесувањето на Резолуцијата која што сметаме дека треба да биде едногласно прифатена од сите претставници на различните политички партии е во прилог на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на Република Македонија, а тоа е во интерес на сите наши граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност.
Овде пред се ја имаме во предвид и ја нагласуваме и целосната подготвеност на македонските граѓани и целото општество за итен почеток на пристапните преговори со Европската Унија засновани врз рамноправна и принципиелна основа.
Истовремено ги поддржуваме и поттикнуваме напорите на сите политички субјекти и граѓаните на Република Македонија за целосно исполнување на критериумите содржани во основните документи на ЕУ и условите поставени од европските институции и во духот на унапредувањето на меѓусебната соработка, почитување и дијалог.
Во наведениот контекст секако ги имаме во предвид и постојани и тенденциозни напади, како и изјави и ставови на припадници на разни меѓународни субјекти кои како во минатото така и денес на најнепосреден начин го негираат суверинитетот, идентитетските одбележја, јазикот, историските и културни одбележја на македонскиот народ, но и на припадниците на другите заедници и сите наши граѓани.
Токму заради навдените причини сметаме дека Собранието на Република Македонија е потребно да излезе со единствен државен став во поглед на сите оние важни државни прашања кои се од искчучителна важност не само за природниот и очекуван развој на нашата држава туки и заради мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион и Европа во целина.
Во резоулуција силно ја реафирмираме важноста за целосна примена на позитивните и општоприфатени норми содржани во основните и другите документи на ООН за правото на самопределување на народите, како основен принцип на меѓународното право и принципите на еднакви права и можности, како и правото слободно да се избере сопствениот суверенитет и меѓународен политички статус без мешање од другите.
Со голем пиедитет ги поддржуваме сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста и слободно изразена воља на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.
Се реафирмира важноста за почитување на утврдените факти, научни сознанија, усвоените теории и емпириски истражувања на современата светска славистика, линвистика и историографија.
Се нагласува дека македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет и како такви потребно е континуирано да се почитуваат.
Исто така оценуваме и бараме на меѓународната сцена претставниците на државата и пред се дипломатијата задолжително да водат грижа за заштитата на македонскиот идентитет кој ги носи корените од повеќевековните историски традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, расна и етничкс припадност, лингвистичко единство, етнокултурна посебност, колективен интегритет, религиски идентитет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор.
Укажуваме на несозволивоста и неприфатливоста за ексклузивно присвојување на историјата, идентитетот, традициите и било каков облик на хегемонизам, без оглед на тоа од каде и од кого доаѓа.
Цениме дека оваа Резолуција треба да биде прифатена со конзензус на сите пратеници, односно претставници на разни политички партии, затоа што тоа е нивни долг кои граѓаните, затоа што содржината е целосно избалансирана, затоа што како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведувањето на еден важен надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добронамерна и со позитен контекст кој може да помогне во понатамошно градење и унапредување на добрососедските односи на рамноправна и приниципелна основа и во прилог на забрзувањето на нашите евроинтеграциски процеси.
Пратеничка група на Коалицијата “Обнова на Македонија”

Работна посета на претседателот Љупчо Димовски на пелагонискиот регион

Министерот од “земјоделско-селанската” народна влада повторно меѓу своите земјоделци.
Присуството и зборовите на претседателот Љупчо Димовски влеваат доверба, будат надеж и поттикнуваат на истрајност кај македонските земјоделци.
Никој повеќе нема да може да го манипулира чесниот и трудољубив македонски земјоделец, ниту да го лаже или краде❗

СПМ во 2017г. ја понуди сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси

Социјалистичката партија на Македонија, претчувстувајќи ги тешките предизвици што ќе следат, уште на почетокот на 2017 година ја понуди сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси.
За жал изостанаа реакциите од политичките фактори, повеќето опседнати со обезбедување на собраниското мнозинство и испишување на одредени неразумни “гаранции”, со што тогаш не се исцртаа македонските црвени линии.
Денес, веројатно во последниот обид за сочувување на македонската посебност и достоинство, со Резолуцијата се предлага преговорите со Бугарија да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Доколку за ДУИ Резолуцијата во предложената форма е неприфатлива и бара сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа, тогаш Социјалистичката партија на Македонија преку своите пратеници нема да го обезбеди тој замислен и лицемерен “консензус” и нема да прифати било какви условувања и уцени со некакви дополнувања или изоставувања во текстот, како што нема да биде дел од организираниот театар како дел од антимакедонското сценарио сред Собранието на Република Македонија.

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЈАБОЛКА СЕУШТЕ НЕ СЕ ОБЕШТЕТЕНИ !!!

Ниту една година по 5 јули од големото невреме во Преспа јаболкопроизводителите од државата сеуште немаат добиено обештетување за уништениот род!

СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ НЕ ЗАПИРААТ

Осиромашувањето и пљачката на народот од страна на Зоран Заев и СДСМ не запира.
Со најавата за поскапување на струјата, власта повторно планира да удри по џебот на сите граѓани.
Имено, ВМРО – ДПМНЕ и партиите во Коалицијата „Обнова на Македонија“ како одговорни народни партиии, но и ние пратениците, за да го спречиме ова најавено поскапување на струјата и да ги заштитиме граѓаните од уште еден грабеж, пред повеќе од еден месец побаравме стапката на данокот на додадена вредност за електричната енергија да се намали од моменталните 18% на 5%.
Нашето барање и предлог за намалување на стапката на додадена вредност од 18 на 5% е токму поради недомаќинското и криминалното работење на АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО каде доминантен сопственик е државата. Тие се единствената причина поради која Владата предводена од Заев и СДСМ планира поскапување на цената за електрична енергија.
Важно е да се напомене дека власта го послуша барањето на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, но половично. Тука се гледа неискреноста во намерата на Владата да излезе во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите.
Токму затоа, денес сакаме да ја информираме македонската јавност дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ќе поднесеме два амандмани со кои ќе го спречиме осиромашувањето на народот кое Владата на Заев го најавува и подготвува во следниов период.
Имено, со првиот амандман бараме стапката на данокот на додадена вредност за електричната енергија од 5% да важи за сите, и за граѓаните и домаќинствата, но и за компаниите и индустријата.
Додека пак, со вториот амандман бараме стапката на додадена вредност да остане 5% и во случај цената на електричната енергија да остане иста или продолжи да расте и во иднина. Сметаме дека ова е од исклучителна важност бидејќи со ова ќе спречиме ново и дополнително зголемување на цената на електричната енергија во следниот период.
Почитувани,
Ова се предлозите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со кои ќе се спречи дополнителното осиромашување и грабеж на македонските граѓани.
Сега власта е на потег.
За таа цел, апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и до Владата предводена од Заев и СДСМ, доколку имаат искрена намера и се грижат за граѓаните, да ги прифатат овие предлози. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, уште еднаш по којзнае кој пат ќе докажат дека грабежот на граѓаните завзема се поголем замав и никако да престане.
Доста е!