ИЗБОР НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАДСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

Реализација на зацртаните внатре партиски активности и со Изборното Собрание на Градската организација на Социјалистичката партија на Македонија.
Ангеле Сотировски едногласно е избран за претседател на Градската организација. Исто така избран е Градскиот Одбор во нов состав.
Извештај за претходниот 4 годишен период поднесе доскорешниот претседател проф.др.Јован Пејковски, актуелен поптпретседател на СПМ.
Исто така, свое обраќање до присутните имаше и претседателот на СПМ, Љупчо Димовски со осврт на партиските политики и актуелната состојба.
   

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА СПМ

Редовна Седница на претседателството на Социјалистичката партија на Македонија во проширен состав со присуство и учество со конкретни дискусии и предлози на претседателите на ОО СПМ од ИЕ1.
Тематски посветена на приликите во Општинските организации на СПМ од Изборната единица 1 и вкупната предизборна состојба во општините посебно.
      

НЕСРАЗМЕРНОСТ

Одењето во пензија различно се доживува. За некого тоа е свечен чин за лицето кое стасало до крајот на работниот век па со испраќањето од колегите му се честита и му се посакува „долго да му трае пензијата“. За други лица одењето во пензија е казна заради малите пензии, често се случува тоа да е почеток на нови работни ангажмани кои не се пријавени (на црно).

Дали пензионирањето е можност за мирна старост како што идеално се претставува или…
Дали над 325 илјади пензионери во Македонија ја имаат таа можност да ги уживаат резултатите од 40 годишно работење.
Секако дека сликата воопшто не е розова.

Постои несразмерност во поглед на висината на пензиите. Тоа раѓа незадоволство кај 70% од пензионерите. Тие се жалат дека неможат да преживеат со ниските пензиски примања. Не стасуваат парите за храна и лекови, велат тие.

Власта најчесто се соочува со пензионерите пред изборите.
Тие се сериозно гласачко тело и често од нив, и нивните семејства, зависи кој ќе ги добие изборите.
Затоа им се најавуваат ветувања на пензионерите дека „и до година пензиите ќе растат“. Небаре тоа е подарок, а не стекнато право.

Демографското стареење, продолжениот животен, век се одразија на капацитетот на Фондот за пензиско инвалидско осигурување. Тој ја обавува својата функција со постојана месечна дотација од Буџетот на државата.
Власта кон тоа гледа голем товар од кој сака да се ослободи.
Наједноставно е да ги намали или укине пензиите на паензионерите.
Тоа еднаш и се случи, кога владата на Црвенковски им ги намали пензиите на граѓаните за 8% и никогаш тој износ не им беше надоместен.

Согледувајќи дека тоа е можно, власта на актуелниот премиер Заев го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување. Наместо растот на пензиите да базира на две основи како што беше предвидено (половина од индексот на трошоци на живот и половина од просечниот раст на исплатената плата) сега е сведен само на половина од растот на инфлацијата преку трошоците за живот.
Власта се фали дека растат платите за 8,8%, ама пензиите не се поврзани со тој раст, а треба, и тоа за половина од тој раст да се зголемат и пензиите.
Се зголемува несразмерот на плата/пензија и јазот станува уште подлабок.
На долг рок тоа се сериозни средства кои се одземени од пензионерите.
Дали е реално во услови кога цените на енергијата, храната и основините семејни потреби се зголемуваат растот на пензии да е намален.
Затоа е изразен сомнеж во објавените податоци.
Лагите на власта се множат.
Последниот намален раст на пензиите од 1,2% го потврдува негативниот однос на власта кон пензионерите.
А медиумите под контрола на власта ја фалат дека тоа е голем успех.
Само за кого?

Всушност тоа е кражба на власта од пензионерите за да се фали дека пензиите ќе се исплаќаат пред време.
Не кажува која е цената на таа мерка, зошто ништо нема бесплатно особено кај банките кои ја вршат исплатата.
Пензионерите се мудри луѓе и треба да знаат дека кога еднаш некој ќе брцне рака во нивниот џеб тоа ќе го прави повторно и повторно.

Мудроста треба да се изрази на ибори и да се одбере партија со социјален односно социјалистички предзнак која е посветена на овие граѓани и со години се бори за нивните права и за поголеми пензии.

ЈП

НА РАСИПНИЧКОТО ТРОШЕЊЕ НА НАРОДНИТЕ ПАРИ НА ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА МУ НЕМА КРАЈ

За жал ова е уште една изгубена година за Република Македонија. Парите на граѓаните ќе завршат кај криминалците од власта, а за народот ќе останат само долговите, повисоките сметки и сиромаштијата.
За само 4 години, долгот на Република Македонија оваа Влада го зголеми за нови 2,4 милијарди евра односно на 63% од БДП. Од кога е СДСМ на власт, годишно се задолжуваме за нови 600 милиони евра. Вакво неодговорно однесување не е забележано досега во историјата на државата.
Ветуваа живот за сите, а испорачаа живот кој е се’ поскап, цените се’ повисоки, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Основните прехранбени продукти се поскапени за 10-тина проценти во последниве месеци и години.
Како одговорни пратеници во текот на амандманската расправа поднесовме бројни амандмани со кои сакавме да истакнеме три приоритети:
– Заштита на здравјето на граѓаните;
– Стимулирање на економијата преку капитални инвестиции;
– Спречување на расипничко трошење на народните пари;

Жалиме што власта не собра храброст да прифати амандмани за набавка на 20 противпожарни возила, за амбулантни возила, за финансиска помош за текстилната и кожарската индустрија, за враќање на средствата на граѓаните кои се вакцинираа во земји од соседство и многу други амандмани кои суштински ќе направеа разлика и ќе го подобреа животниот стандард на граѓаните.

Македонија е најзадолжена во историјата, а последиците од ова недомаќинско работење ќе ги почувствуваат и сегашните, но и идните генерации.
Ова е доказ дека власта се води од мотото, купи ден – помини, без нималку грижа за последиците.

Пратеничка група
на Коалицијата „Обнова на Македонија“

НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА МНОЗИНСТВОТО, СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА ГО СВЕДЕ НА ОБИЧНА МЕСНА ЗАЕДНИЦА

На денешната пленарна Седница мнозинството Собранието на Република Македонија го сведе на обична месна заедница или потточно на куќен совет‼

Имено, наместо претставниците на МВР (министерот/заменикот за внатрешни работи или нивните повереници), како што е наведено во официјалниот Меморандум на Владата, “потребата” од скратената постапка за носење на ПЗ за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија ја образложи, ни помалку, ни повеќе и од никаде прозван, а ни најмалку овластен и од “задачата” самиот изненаден министерот за правда Маричиќ⁉️

Подоцна, по појавувањето на овластениот владин претставник, надвор од сите деловнички одредби, следи еднострано поништување на гласањето, со лесно и премолчено одобрување на мнозинството, и повторно гласање врз основа на новото образлагање од претставникот на предлагачот на законското решение⁉️

Законот за работа на Влада и Деловникот на Собранието на Република Македонија се сосема небитни за собраниското мнозинство кое со невидена леснотија свесно го приреди денешниот циркуз❗

Демократијата е оддамна заборавена и напуштена пракса како сериозно парламентарно работење. Битно е владиниот собраниски сервис да функционира беспрекорно по цена на газењето врз достоинството пред сè на пратениците од таканареченото и скоро непостоечко парламентарно мнозинство‼

Кога се зборува за демократија и правда нив најмалку ги има таму каде што најмногу е потребно да се почитуваат во највисокиот законодавен дом, затоа што газењето врз пратениците како народни претставници всушност претставува газење врз волјата на избирачите, односно на граѓаните на Република Македонија❗

СТАВ И ЗАДОВОЛСТВО НА КОАЛИЦИЈАТА ”ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА”

Дозволете на денешната прес конференција да се истакне нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Обнова на Македонија” и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија.
Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија.
Пратеничка група на
Коалицијата “Обнова на Македонија”