Честитка за празникот Св.Климент Охридски

Почитуван г. г. Стефан,
Дозволете ми лично и во име на членовите на Социјалистичката партија на Македонија Вам, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, искрено да Ви го честитам празникот Свети Климент Охридски.
Основоположник на македонската црковна и народна духовност, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со продлабочувањето и унапредувањето на словенската просвета, проддолжувач на делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.
Свети Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, Првиот универзитет на Балканот, е тој што остави непроценлив придонес во словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во душата на македонскиот народ и во неговото културно наследство, подеднакво и во историјата и традицијата на европските народи и земји.
Мудроста на Свети Климент Охридски е втемелена во светогледот на нашиот народ и на нејзините духовни вредности се развива и нашата света Македонска православна црква.
Затоа, поттикнати од неговото величенствено дело, во овие сложени времиња исполнети со многу опасности и предизвици, покорно молиме барајќи ја неговата вековна заштитничка грижа за нашиот македонски народ во напорот за сочувување на нашето битие и негово спокојно проддолжување.
Со неговата света мудрост за нас и за нашите поколенија да обезбедиме подостоен живот со чинење добри дела исполнети со разбирање и помагање, со сплотеност и единство во нашето кревко национално ткиво.
Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски!
Љупчо Димовски,
Претседател
на Социјалистичката партија
на Македонија

Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија изразува крајно несогласување од одлуката на македонските претставници во мешовита историска комисија да прифатат отворање на црковни прашања како тема на дискусија.
Оваа неразумна одлука на ова откроирано работно тело претставува потврда на ирационалноста од неговото постоење како резултат на штетниот и антимакедонски билатерален договор со источниот сосед.
Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува македонските членови-историчари дека древната Орхридска Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, длабоко вкоренета во колективната меморија и во душата на македонскиот народ.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека било кое црковно прашање не смее да биде тема на дискусија на било која лаичка комисија освен во црковните теолошко хисториски кругови во православниот свет.
Социјалистичката партија на Македонија овој чин го сведува на уште една бугарска провокација, ценејќи дека овој приземен, недоличен и недостоен обид воопшто не може да го загрози статусот и постоењето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.
Социјалистичката партија на Македонија искучува секаква можност за било какви компромисни решенија затоа што е повеќе од очигледно дека кај бугарската страна не постои ниту почетна искрена намера, ниту добра волја, ниту политичка и научноопштествена подготвеност за сериозен разговор, освен антимакедонските стојалишта и отвореното присвојување на македонската историја и култура, македонскиот народ и македонската држава.

Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија со внимание се запозна со последната изјава на премиерот на Португалија г-динот Антонио Коста во врска со проширувањето на Европската Унија.
Оттаму, во контекст на сегашните институционални и буџетски услови, ЕУ не може да ги исполни очекувањата од проширувањето што сама ги создаде, а со настанатата криза самото прашање за проширување го стави во центарот на дебатата со што, многуте ветувања дадени во текот на годините, ги зголемија очекувањата, особено во земјите од Западен Балкан.
Европската унија има многу јасни критериуми за пристапување на нови земји-членки, но таа нема критериуми за сопствениот капацитет да прими нови земји-членки.
Сето ова на било кој член на македонската Влада треба да му е совршено јасно, особено на Ковачевски, Маричиќ и Османи.
Социјалистичката партија на Македонија ги осудува лажните претстави и манипулации кои ги создава премиерот, министрите и надлежните институции во Македонија во врска со преговорите со ЕУ, кои сеуште не се ни започнати.
Тие дрско лажат и ги манипулираат граѓаните дека за 8 години ќе станеме членка на ЕУ, а тоа нема никаква врска со реалната состојба, што се потврдува со повеќе изјави на претставници од Унијата, а особено со можните и очекувани вета од Бугарија.
Уште пострашно е што тие безобразно ја злоупотребуваат евроинтеграцијата ставајќи ја во нивниот наратив преку кој перфидно сакаат да се доближат до граѓаните, а во суштина единствено сакаат да ја задржат власта, макар уште за само еден месец, за дополнителни отстапки и предавства, злоупотреби, криминали, местење тендери, распродажби и крадење исклучиво за личен материјално финансиски интерес
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека Владата на Република Македонија предводена од нелегитимниот премиер Ковачевски со полтронскиот однос и прифаќање на сè што се бара од странство, особено со неговиот вазалски однос кон Бугарија и исполнување на сите барања на Софија, само ја доуништува македонската држава.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека е неопходна смена на премиерот и владата и доаѓање на нова влада која е национално определена, стручна и способна со луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните и државата.
Затоа со итни и неодложни предвремени парламентарни избори е потребно да се направи таа смена и да се дефинираат нови стратегии кои со добиениот мандат ќе значат спас на државата и нејзината иднина.

Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија искрено ја поддржува иницијативата и чинот на отварањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград.

Социјалистичката партија на Македонија без исклучок и со конкретни чекори во минатиот период застана на патот кон остварување на македонскиот национален интерес и правата на Македонците во Бугарија и насекаде низ светот.

Социјалистичката партија на Македонија упатува искрени желби за успешна работа на Македонскиот културен клуб во Благоевград и за цврсто поврзување на Македонците од Бугарија со нивната матица во Република Македонија, во насока на градењето и на националното единство и сплотеност.

Воедно, СПМ очекува дека несметаното работење на Македонскиот културен клуб ќе придонесе за воспоставување на поуспешна соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и на градење односи на доверба, почитување, пријателство и добрососедство меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Сеќавање и почит за другарот Киро Поповски, првиот претседател на Социјалистичката партија на Македонија …

Сеќавање и почит за другарот Киро Поповски, првиот претседател на Социјалистичката партија на Македонија …

Киро Поповски (13 април 1942 во Вратница, Тетовско — 29 октомври 1995 во Скопје) ― македонски правник, политичар и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.
Гимназијата ја завршил во Скопје и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1965 година. Како младинец, бил претседател на Градскиот комитет и претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на Социјалистичката младина на Македонија, а потоа секретар и претседател на Советот на ССМ, претседател на Извршниот одбор на Републичката СИЗ за физичка култура, претседател на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем, член на Одборот за прашања од областа на општественото уредување, безбедноста и односите со странство, член на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем на Извршниот совет на Собраниет на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија (22 септември 1990 – јули 1995) и потпретседател на Собранието на Македонија од 1991 до 1995 година.

На денешен ден се навршуваат 27 години од неговата смрт.
Вечна слава за другарот Киро Поповски.

Социјалистичка партија
на Македонија

 

Честит 23-ти октомври

Денот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртницата со која започна долгиот пат за создавање на независна македонска држава, искрата од која се роди денешното македонско Сонце!

Благодарение на свеста и визијата на тогашните напредни македонски интелектуалци, угледни луѓе и социјалисти за слобода, човечко достоинство и за правда, се поставија основите за почеток на револуционерната борба. За прв пат се обединија прогресивните сили во заедничкиот стремеж за остварување на националните и социјални идеали.

Основната карактеристика за македонската револуционерна организација, и покрај различниот пристап, концепт или идеолошко сфаќање, секогаш била само една и единствена заедничка идеја-Македонија слободна и независна.

Затоа и денес, врз основа на актуелните состојби во Република Македонија, проследени со внатрешни подделби и изневерувања, Социјалистичката партија на Македонија смета дека македонскиот народ историски е вратен повеќе од стотина години наназад, во времето на жестоката борба за национално ослободување и осамостојување, кога токму Организацијата била единствената форма на делување во заштита на народот и на македонските интереси.

Оттаму денес Социјалистичката партија на Македонија укажува на поуката од величината на денешниот ден дека без оглед на вера, етникум, идеологија, партиска или било каква определба потребно е обединување околу идејата за Македонија како демократска, развиена, напредна и просперитетна Република на сите граѓани.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на надминување на предизвиците на современото време, на мир, трезвеност, спокој, разум, љубов и на грижа кон државата.
Но, меѓусебните судири и длабоки недоразбирања да ги надминеме со премостување на разликите и во поднесувањето на одговорноста за изневерувањата пред македонскиот народ.

Само во такви услови ќе можеме да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери.

Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба!
Да живее Македонија!