Entries by

ЗА БУГАРСКО-СДСМ-овските ОДНОСИ

Воопшто не претставува изненадување ставот на СДСМ и одбивањето на предлогот за посебна Резолуција за преговорите со Бугарија која би се изгласала во македонското Собрание. Инфантилниот одговор на СДСМ дека нема потреба од такво нешто само го потврдува неверојатно нискиот капацитет на оваа партија и дефинитивно отсуството на чувството за припадност и елементарна одговорност. Патем, […]

Парламентарно насилство на СДСМ

СДСМ и владејачкото мнозинство повторно практикуваат парламентарно насилие наместо парламентарна демократија. Очигледно тие не знаат поинаку. Имено, и денес во Собранието на Република Македонија сме сведоци на еклатантно кршење и непочитување на веќе воспоставената долгогодишна пракса во врска со закажување и одржување на други седници на Комисии во оние денови додека трае расправата за ребаланс […]

Комисиска расправа за ребаланс на буџет за 2021

Сакаме да ја информираме јавноста дека во наредните неколку денови односно во следните 10 дена ќе трае комисиската расправа за Предлог ребалансот на Буџетот за 2021 година. Вкупно се поднесени 222 амандмани на ребалансот на Буџетот, од кои што 153 се на предлог на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“. Комисиската расправа […]

Партиско политичкото чедо на комунистите

Партиско политичкото чедо на комунистите (иако со нив нема никаква врска), денес среде Софија го поплука периодот од 1945-1990 како време на комунизмот (иако во Социјалистичка Република Македонија “комунизам” немало во форма како што некој посакува да ја прикаже или слично на онаа како во државите од бившиот источен блок). Таканаречените и сèуште живи борци, […]

Став на СПМ за предлог закон за учебници

Вчера со повлекувањето на Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование, победи разумот наспроти ароганцијата на Мила Царовска. Пратеничката група на Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги искористи сите можни и пред се демократски права кои ги нуди Деловникот на Собранието да го спречи носењето на овој штетен […]