УЖАСНА ГЛЕТКА НА ДРВОРЕДИТЕ НА КЕЈ

Актуелната власт подобро позната кај народот како Хибриден режим уште еднаш покажа дека не знаат кај тераат и што прават. Дадени се пари за набавка на цемент, песок и други градежни работи  и наместо да се прошируваат улици во Скопје и се нафатат на сериозни градежи активности тие се зафатија со бетонизација на дрворедот на Кеј.

Порака до Шилегов!

Следниот пат консултирајте се со народот ќе ви кажат  вистинските проблеми на градот за  да се зафатите со сериозни активности. Вака стави-вади не ви доликува!

Инаку после идентитетот, јазикот и неколку пати датумот вие социјалдемократски хибридни режимлии го бетониравте  и дрворедот на кеј!

ЗА БУГАРСКО-СДСМ-овските ОДНОСИ

Воопшто не претставува изненадување ставот на СДСМ и одбивањето на предлогот за посебна Резолуција за преговорите со Бугарија која би се изгласала во македонското Собрание. Инфантилниот одговор на СДСМ дека нема потреба од такво нешто само го потврдува неверојатно нискиот капацитет на оваа партија и дефинитивно отсуството на чувството за припадност и елементарна одговорност.
Патем, понудената Резолуција е поприлично задоцнета затоа што Македонија со актуелниот хибриден режим забрзано се движи во неповратна насока на самонегирање, бришење и згаснување. Крајно е цинично, меѓутоа се чини дека сме сведоци на погребот на нашата македонска држава без за тоа да сме свесни или тоа не сакаме, не само да го прифатиме туку и да го признаеме, што одговорноста за сè ја чини многу поширока.
Само за потсетување, во јануари 2017 година Социјалистичката партија на Македонија, свесна дека ќе случи сето ова, во соработка со дел почитуваните (кои и сега се вклучени во Резолуцијата) ја изготви сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси (тогаш наречени “црвени линии”). И тогаш СДСМ неодговорно, неписмено и безобразно ја одби иницијативата со образложение дека тие прашања се соддржани во нивната изборна програма што е ноторна лага, толку својствено за оваа партија за која лагата и измамата се основната и оддамна непроменлива карактеристика.
Интересно е што, на пример преку ментално проблематичните партиски соопштенија, токму кај СДСМ отуствиваат ткн.идентитетски линии или во најмала рака се спорни.
Всушносткај нив спорно е се освен лагата, измамата, криминалот …
Затоа Резолуцијата воопшто неможе да биде штетна како што велат во СДСМ туку штетни се нивните политики, подеднакво на погубноста од нивната извитоперена и идеолошки загубена матрица.
Конечно, после сè се поставува прашање дали во оваа апатридна партија има нешто останато што ја поврзува со македонскиот народ и држава?
Одговорот на ова прашање треба да го даде самото членство, подеднакво на горчливото прифаќање на фабричката грешка уште во самото основањето.

Парламентарно насилство на СДСМ

СДСМ и владејачкото мнозинство повторно практикуваат парламентарно насилие наместо парламентарна демократија.
Очигледно тие не знаат поинаку.
Имено, и денес во Собранието на Република Македонија сме сведоци на еклатантно кршење и непочитување на веќе воспоставената долгогодишна пракса во врска со закажување и одржување на други седници на Комисии во оние денови додека трае расправата за ребаланс на Буџет.
Не навлегувајќи во суштината и потребата за одржување на денес закажаната Комисија за одбрана, како пратеници сметаме дека ова самоволие мора конечно да престане. Комисијата за финансирање и буџет и ребаланост на Буџетот за 2021 година мора да имаат приоритет над сите останати постапки, особено над тесно-партиските интереси на владејачката коалиција.
Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ сакаме да ја информираме македонската јавност дека ваквото насилно однесување на СДСМ и мнозинството, оневозможува да се продолжи со расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година.
Само еден ден траеше глумата и лицемерието на СДСМ. Веќе денес го гледаме нивното вистинско лице.
Токму затоа, граѓаните мора да знаат дека за СДСМ и мнозинството се поважни партиско – коалициските калкулации отколку ребалансот на Буџетот и граѓаните.
Очигледно СДСМ и мнозинството не почитуваат воспоставени пракси, не почитуваат ниту процедури, ниту пак претходни договори за непречено функционирање и работа на Комисијата за финансирање и буџет освен наредбите од своите партиски шефови на штета на сите граѓани на Република Македонија.
На крајот, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „)бнова на Македонија“ сакаме да апелираме дека нема да дозволиме ниту ние, ниту Собранието на Република Македонија да бидеме заложници на партиските калкулации на власта. Нема да дозволиме да бидеме лажно обвинети и да бидеме изговор за неспособноста на власта како и нивните евтини коалициски пазарења.
Пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“

Комисиска расправа за ребаланс на буџет за 2021

Сакаме да ја информираме јавноста дека во наредните неколку денови односно во следните 10 дена ќе трае комисиската расправа за Предлог ребалансот на Буџетот за 2021 година.
Вкупно се поднесени 222 амандмани на ребалансот на Буџетот, од кои што 153 се на предлог на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Комисиската расправа ќе трае 10 денови и преку неа, преку одговорна дебата ќе понудиме соодветно образложени аргументи и објаснувања, потврдувајќи ги фактите дека понудениот ребаланс е одлика на една неодговорна власт која ниту се обидува, ниту пак сака да размислува стратешки и перспективно и во интерес на државата и нејзините граѓани.
Сакаме само неколку фактори да напоменеме од ребалансот.
Јавниот долг во Македонија веќе го достигна највисокото ниво во нашата историја. Сите ние должиме над 7 милијарди евра, што претставува 63% од Бруто домашниот производ. Нашата држава никогаш не била позадолжена. СДСМ кога ја превзема власта во Република Македонија јавниот долг изнесуваше 4,7 милијарди евра и беше на ниво од 46%. За само 4 години владеење на СДСМ јавниот долг е зголемен за нови 2,4 милијарди евра.
Владејачката структура ни објаснува дека со ребалансот се зголемувале капиталните расходи и велиме тоа е одлична вест, но доколку ова ветување беше дадено од страна на Влада што знае да гради и исполнува. За жал вистината е сосема поинаква.
Ако пред 2018 година, 10% од Буџетот се трошел на капитални расходи, сега тој процент е помеѓу 6 и 7. Се ветува дека ќе се намали ДДВ-то на струјата, но фактички цената на струјата согласно посебната одлука на Регулаторната комисија за енергетика гледаме дека расте.
Ова се само дел од аргументите кои што ќе ги презентираме, но сакаме да ја информираме јавноста дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нуди проактивни решенија, нуди голем број конкретни проекти кои што ќе значат промена кон подобро на животот на нашите граѓани. Негативните последици од актуелните и најавените економски политики со голема веројатност за жал ќе се почувствуваат во блиска иднина.
Ова е ребалансот на Буџет кој што потврдува дека Република Македонија се наоѓа во длабока економска криза. Затоа инсистираме граѓаните будно да ја следат дебатата, да ги следат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, но да видат и кои се реакциите на Владата за идната економска состојба, која што за жал е во многу катастрофална состојба и имаме Буџет кој што се наоѓа во многу катастрофална состојба.
Пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“

Партиско политичкото чедо на комунистите

Партиско политичкото чедо на комунистите (иако со нив нема никаква врска), денес среде Софија го поплука периодот од 1945-1990 како време на комунизмот (иако во Социјалистичка Република Македонија “комунизам” немало во форма како што некој посакува да ја прикаже или слично на онаа како во државите од бившиот источен блок).
Таканаречените и сèуште живи борци, дежурни поддржувачи на нивните во власта добро е уште еднаш врз себе да си го почувствуваат новото понижување од “нивното дете”, подеднакаво на повторното социјалдемократско “државотворно” газење на националното достоинство и одново како со крпа бришење на најзначајниот дел од поблиското историско минато на македонскиот народ во кој целосно ја доживува својата афирмација како посебен и признаен ентитет.
Во очигледната желба со својственото лицемерно додворување пред новооткриените стопани, со газењето врз сопствениот народ и држава залудни се очекувањата за создавање слика за некакво европеизирање освен кај секого најдолниот впечаток за понижувањето и изживувањето врз сопствениот народ, карактеристично за ситни, плашливи и превртли души кои сопствената сила ја црпат од злоставувањето на својот народ.

Став на СПМ за предлог закон за учебници

Вчера со повлекувањето на Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование, победи разумот наспроти ароганцијата на Мила Царовска.
Пратеничката група на Коалицијата „Обнова на Македонија“ ги искористи сите можни и пред се демократски права кои ги нуди Деловникот на Собранието да го спречи носењето на овој штетен и дискриминаторски закон.
И покрај инаетењето и ароганцијата на министерката Мила Царовска како пратеници нема да дозволиме обезличување на идните генерации и експериментирање со најважната категорија на граѓани, а тоа се учениците.
Таканаречената реформа, да се менува на ваков радикален начин концептот на учење преку исфрлање на хартиени учебници и сето тоа во време на пандемија кога бројот на ранливи категории на граѓани е огромен, мораше да заврши на ваков начин.
Како пратеничка група и покрај повлекувањето на законот, будно ќе ја следиме ситуацијата бидејќи свесни сме дека СДСМ и Мила Царовска можеби повторно тактизираат само за да се повлече иницијативата за референдум која беше покрената од граѓански иницијативи и повторно да го вратат овој закон во Собрание со злоупотреба на европското знаменце.
Сакаме да и порачаме на Мила Царовска дека време е да стане свесна за штетните политики кои ги води во овој многу битен ресор и да си даде оставка бидејќи единствено што како министерка покажа е самобендисаност, ароганција и задкулисни игри кои се на штета на нашите деца.

Претседателот на СПМ Љупчо Димовски „Во фокусот“

Претседателот на СПМ Љупчо Димовски „Во фокусот“ на Телевизија Канал 21 од Велес за Изборниот законик, за Социјалистичката партија на Македонија и нејзините ставови, определби и подготовките за локалните избори …

ОТПИС НА ШТО ?

Отпис на што?
Каматата е цена за користење на капиталот, таа постои во сите трансакции и е со различни називи и висина.
Ако некој сака да отпише камата за долг траба да знае дека тоа за некого ќе значи изгубен приход или загуба. Прашањето е кој натаму ќе ја покрие таа загуба.
Во економијата владее правилото: Ништо не е бесплатно, или, не постои бесплатен ручек. Ако некој ве части, за вас е бесплатно, но друг треба да плати.
Кој ќе го плати отписот на каматите што го најави премиерот?
Одговорот е: од самите граѓани но во друга форма. Преку даноци, преку такси, казни и се што го полни буџетот преку кој ќе мора да се покриваат тие загуби.
Трошоците за камати ќе се покриваат и преку раст на цените на услугите на јавните претпријатија и институции кои ќе се зголемуваат и заради загубите. Граѓаните со нови давачки ќе бидат оптоварувани за нерационалната владина политика.
Со предложената мерка тие ќе бидат изложени на предизборен поткуп како што констатира еден антикорупционер.
Ветувањето дека „зелената“ такса на горивата ќе реши еколошки проблеми е нереално. Некој мисли дека македонските граѓани се зелени луѓе, а не се. Тие знаат дека пари треба да се прибираат за конкретни проекти односно наменски да се трошат. Ако нема проекти прибраните „зелени“ пари ќе си бидат дел од буџетските трошоци на власта.
Во предизборно време се има своја цена, се и сешто се продава, ама власта сака друг да плаќа.
Премиерот се чини не разбира дека не може да нарави дупка во водата. Ама упорит човек е, сам на себе си прави реклама колку се грижи за граѓаните и тоа предизборно. Се би дал за уште еден мандат и се колне дека тоа не е за него, туку за добробит на општеството кое е „едно за сите“. Само за неговите поддржувачи и сопартијци се нешто повеќе еднакви одколку другите. Расте бројот на богатите но расте и бројот на сиромашните, значи не е едно за сите.
Тој упорно се обидува да докаже дека тоа што го прави е да го убеди граѓанинот дека се е за негово добро.
Изборите се ближат, време е секој да размислува разционално и трезвено и да се следат не зборовите од власта туку делата за кои зборува и што ги ветува, а ги нема направено.
ЈП

5-та Седница на претседателство

Тематска и теренска 5-та Седница на претседателството на СПМ со претседателите на ОО СПМ од Изборна единица 3 во Облешево.
Подготовка за локалните избори и предкампањски активности и мобилизација на членството.