СПМ ЦВРСТО ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА ИДЕНТИТЕТОТ, СУВЕРЕНОСТА И НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

За Социјалистичката партија на Македонија предложената Резолуција претставува важен документ за зацврстување на меѓународната позиција на Република Македонија, денес, но и за во иднина.

За потребата од донесување на овој документ, со целата сериозност и историската одговорност, Социјалистичката партија на Македонија укажува поддолг период, повеќе години, уште од почетокот на 2017-та година.
Исто така изминатите години дадовме повеќе предлози и иницијативи за толку потребното градење на националното единство. СПМ цврсто застана во одбрана на идентитетот, сувереноста и независноста на македонската Држава.

Напоменуваме дека Социјалистичката партија на Македонија, свесна за развојот на состојбите и за сите предизвици кои нè очеуваат во периодот кој следи, во 2017 година ја понуди Сеопфатната македонска Платформа за одбрана на виталните национални и државни интереси. Истата од страна на Партијата јавно беше објавена во медиумите.
За жал тогаш не беше прифатена од одредени неодговорни политички фактори и како последица на тоа е очигледна појавата на политички волунтаризам и импровизации во меѓународните преговори сведени на асиметрични договори со соседите и на штета на македонската држава.

Непринципиелноста и непочитувањето на меѓународното право на рамноправност на државите од страна на власта ја доведе државата во подредена положба. Сето тоа резултираше со зголемување на апетитите на соседите за уште поголеми отстапки и уцени што мораат да се запрат и да се спречат.
Погазени се државните интересите и волјата на македонскиот народ изразена на Референдум. Ослабени се позициите на државата во меѓународните односи и во мултилатералните институции и органзации.

Во светската историја не постои пример во кој од еден народ како од македонскиот се бара да се самоуништи, да си го промени името, идентитетот, корените, историјата, јазикот и сè што го обликува македонскиот код на постоење, а се заради апсурдни барања на друг народ и држава.
Сето тоа во XXI век е непоимливо и неприфалтиво за цивилизираниот свет.

Заради сето тоа, сплотеноста на народните претставници, односно политичките партии во Собранието и донесувањето на оваа Резолуција е огромната потреба за суштествените прашања од национален интерес.

Доколку не го сториме тоа сега од генерациите кои доаѓаат со право ќе бидеме обвинети дека не сме ги превземале потребни мерки за заштита на идентитетот, јазикот, историјата, културата и се што е важно за изразување на македонската посебност.

Од многумина отворено се поставува прашањето дали воопшто нашата генерација е подготвена и и дали е достојна да го носи товарот на нашето огромно минато и дали воопшто како генерација сме во состојба да се справиме со сите историски предизвици.
Дали лукративниот комформизам и неодговорноста натежнуваат над одговорноста, должноста и обврската?

Резолуцијата не ги исцртува само црвените линии кои никој нема право да не ги почитува, особено не да ги погази. Таа воедно ги изразува и наште европски стремежи за нацоналните прашања што секоја држава ги штити, негува и брани од било какави напади. Бројни се примерите за тоа што треба и ние да ги следиме.

Ние, македонските социјалисти, во документите од 9. Конгрес на Социјалистичката партија на Македонија, оддржан во јануари 2021 година укажавме дека на Република Македонија, на македонскиот народ и на националностите кои живеат заедно со него како никогаш до сега ни е потребно градењето на единство и сплотеност во премостување и одговор на високиот ризик на заканите со кои се соочува државата.

Македонскиот народ повеќе не смее да биде изложуван на притисоци по сите основи со газење на неговото достоинство и право на слобода и тој мора да одлучува за сопствената држава.

Македонскиот народ повеќе не може и не смее да прави отстапки од своето стекнато и природно право на сопствена држава, идентитет, историја, култура и јазик.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека никој од надвор не смее да ни определува што сме и кои сме, што смееме, а што не и да го погазува правото на самоопределување како основно универзално човеково право.

Македонската нација и нејзината државотворност се историска реалност и тие се достоинството на секој граѓанин на Република Македонија. Сè друго, како што покажуваат политичките искуства во плурална Република Македонија, го стимулираат сецесионизмот, кантонизацијата и федерализацијата кои веќе се најавуваат кај определени националистички партии.

Социјалистичката партија на Македонија потенцира дека Македонскиот народ никому и никогаш не му дал мандат да го крши Уставот и законите во вршењето на правата и должностите. Република Македонија мора да воспостави одбранбен механизам кој ќе се имплементира со европските и со светските механизми во заштитата на националните интереси и во непроменливоста на границите. Тоа се заложби од минатите генерации за кои се бореле и гинеле, за сегашните и за идните генерации да ги почитуваат принципите од кои што нема отстапување.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека Република Македонија е единствена, недделива, унитарна и демократска држава базирана на АСНОМ и на Уставот на Државата.
Изборната волја на граѓаните никој нема право да не ја почитува или да ја изигра, манупулира или фалсификува, во спротивно народот нема да ги признае институциите на власта кои ќе се формираат надвор од легитимитетот и мандатот кој го определиле граѓаните.
Политичките партии не смеат да дејствуваат спротивно на уставните и законските одредби, ниту да предлагаат решенија со кои се релативизираат интересите на граѓаните, и нивните права гарантирани со Уставот. Дејствувањето на политичките партии спротивно на Уставот, законите и интересите на државата треба да биде казниво и санкционирано.
Зачувувањето на слободата и демократијата, човековите права и слободи бара да се изостават надворешни и внатрешни влијанија во било кој облик на изразување или наметнување надвор од правниот поредок на државата.
Не смее да се прифаќаат решенија за уредување на државата во области и сектори кои се надвор од меѓународните стандарди и кои не се познати и присутни во замјите членки на Европската унија и во западните демократски општества.

Одбраната на Татковината е света должност и обврска на секој граѓанин. Било какво посегнување по државните симболи, идентитет, територијална целовитост и државност по секоја цена треба да се брани и одбрани од секој граѓанин државјанин на Република Македонија.
Отстапувањето од оваа света должност е чин на предавство кон Татковината.
Досега ниту една партија не вети во политичките програми дека ќе менува Устав, име и идентитет.

Социјалистичката партија на Македонија предлага да се донесе Резолуцијата што е од државен интерес. Укажуваме дека само развиена и просперитетна и силна демократија обезбедува можности за сите жители, како и граѓански, етнички и верски еднаквости и социјална сигурност.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *