СКЕПТИЦИЗАМ

Скептицизам
За појавата на скептицизмот има многу теории од антиката па до современите сфаќања. Во денешни услови скептицизмот или сомнежот кај луѓето е се поприсутен. Тие се скептични дали политиката што е ветувана ќе се исполни. Всушност повеќе се реалисти дека ветеното е нереално, само предизборно и е лажно.
Скептици има се повеќе за патот на Македонија кон ЕУ па ги нарекуваме „евроскептици“. Дали се тие во право? После 16 години чекање тие стануваат се поскептични. А власта мати и мати дека само што не се случило тоа што е ветено и дека веќе сме во ЕУ. Само уште бугарските политичари да попуштат и готово, а тие велат ние не ве кочиме туку вие самите си ставате вето. Како да не си скептик после ова дека ЕУ е се подалеку?
Појавата на здравствен скетицизам стана толку масовна што ни штабот на министерот кој го прогласуваа за успешен дека ја победил пандемијата не го докажа тоа. Скепсата наречена антиваксеризам, час се зајакнува, час слабее. А тој шири политика на успеси дека се е во ред. Само здравствениот систем се успал па не се вакцинирале децата со редовни вакцини. Не се успал системот, туку миистерот. кој треба да одговара за тоа.
Најголеми скетпици се земјоделците. Тие директно ги почувствуваа и се соочуваат со лагите од власта. Владата сеуште им ветува субвенции, надоместоци, средства за подршка на производството и извозот, современи средства и механизација. А всушност им скратува од ветеното и тоа со законски решенија. Од ветувањата останаа само големи лаги и приказни во кои не веруваат ни малите деца. Протестите на земјоделците на празникот Петровден се потврда за нивното незадоволство од власта.
Власта не и верува ниту на науката и на знаењето кое таа го нуди. Се сметаат дека се најапаметни па прават земјотрес во образованието. Како да не се скептични родителите кога гледаат дека нивните деца ќе учат виртуелно, добиваат сепомалку знаења, а кога ќе завршат ќе си одат во странство за било која работа.
Политичарите од власта во Македонија се навидум оптимисти но самите се по природа скептични. Знаат дека нема да го исполнат тоа што го ветуваат. Но затоа имаат добро образложение за се. И мислат дека се убедливи, а не се. Со договорите што ги склучи Заев донесе тони и тони скептицизам во Македонија. Ја подели државата и народот, распродавајќи се и сешто од име, идентитет, јазик и се што може да ја деградира државата и државноста.
Уште толку тони лаги и смет се спрема власта да истури во форма на отпад што Европа не го сака. Така било за доброто на граѓаните. А тие стануваат се поскептични и затоа траба добро да размислат за кого ќе гласаат. Во спротивно ќе бидат се понездоволни и се поскептични кон се што постои. Животот е еден и е непренослив, само со оптимизам се живее со полн капацитет.
ЈП
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *