Пратеничка група на Коалицијата “Обнова на Македонија” цени дека Резолуција треба да биде прифатена со конзензус на сите пратеници

Донесувањето на Резолуцијата која што сметаме дека треба да биде едногласно прифатена од сите претставници на различните политички партии е во прилог на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на Република Македонија, а тоа е во интерес на сите наши граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност.
Овде пред се ја имаме во предвид и ја нагласуваме и целосната подготвеност на македонските граѓани и целото општество за итен почеток на пристапните преговори со Европската Унија засновани врз рамноправна и принципиелна основа.
Истовремено ги поддржуваме и поттикнуваме напорите на сите политички субјекти и граѓаните на Република Македонија за целосно исполнување на критериумите содржани во основните документи на ЕУ и условите поставени од европските институции и во духот на унапредувањето на меѓусебната соработка, почитување и дијалог.
Во наведениот контекст секако ги имаме во предвид и постојани и тенденциозни напади, како и изјави и ставови на припадници на разни меѓународни субјекти кои како во минатото така и денес на најнепосреден начин го негираат суверинитетот, идентитетските одбележја, јазикот, историските и културни одбележја на македонскиот народ, но и на припадниците на другите заедници и сите наши граѓани.
Токму заради навдените причини сметаме дека Собранието на Република Македонија е потребно да излезе со единствен државен став во поглед на сите оние важни државни прашања кои се од искчучителна важност не само за природниот и очекуван развој на нашата држава туки и заради мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион и Европа во целина.
Во резоулуција силно ја реафирмираме важноста за целосна примена на позитивните и општоприфатени норми содржани во основните и другите документи на ООН за правото на самопределување на народите, како основен принцип на меѓународното право и принципите на еднакви права и можности, како и правото слободно да се избере сопствениот суверенитет и меѓународен политички статус без мешање од другите.
Со голем пиедитет ги поддржуваме сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста и слободно изразена воља на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.
Се реафирмира важноста за почитување на утврдените факти, научни сознанија, усвоените теории и емпириски истражувања на современата светска славистика, линвистика и историографија.
Се нагласува дека македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет и како такви потребно е континуирано да се почитуваат.
Исто така оценуваме и бараме на меѓународната сцена претставниците на државата и пред се дипломатијата задолжително да водат грижа за заштитата на македонскиот идентитет кој ги носи корените од повеќевековните историски традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, расна и етничкс припадност, лингвистичко единство, етнокултурна посебност, колективен интегритет, религиски идентитет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор.
Укажуваме на несозволивоста и неприфатливоста за ексклузивно присвојување на историјата, идентитетот, традициите и било каков облик на хегемонизам, без оглед на тоа од каде и од кого доаѓа.
Цениме дека оваа Резолуција треба да биде прифатена со конзензус на сите пратеници, односно претставници на разни политички партии, затоа што тоа е нивни долг кои граѓаните, затоа што содржината е целосно избалансирана, затоа што како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведувањето на еден важен надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добронамерна и со позитен контекст кој може да помогне во понатамошно градење и унапредување на добрососедските односи на рамноправна и приниципелна основа и во прилог на забрзувањето на нашите евроинтеграциски процеси.
Пратеничка група на Коалицијата “Обнова на Македонија”
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *