ПОЖАРИТЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ

Пожари имало и ќе има, не само кај нас туку во целиот свет. Прашањето е како државата е подготвена да се справи со оваа непогода (елементарна или предизвикана), која сериозно го загрозува човековото живеење.
Пожарите во Македонија во овој август станаа сериозен проблем, не само домашен туку и меѓународен. Опасноста од проширување во соседните држави е реална и од таму се бара помош во поширок контекст од други држави и средини. Гаснењето станува меѓународна акција и тогаш се согледува колкаво е македонското заостанување во превенцијата од пожари, неинвестирањето во материјални и човечки ресурси.
Секој граѓанин се прашува дали власта и надлежните институции се подготвени за справување со пожарите и со други непогоди? Се покажа дека власта не само што не е подготвена туку е и несериозна, неделотворна и се одмара на плажа кога треба да се гаснат пожари. Нереално е дури и за неверување и предизвикува големо разочарување. А владините портпароли се трудат да ги убедат граѓаните дека власта преку интернет и телефонски ќе ги гаси пожарите
Излегува како власта да не размислувала за заштита и за безбедност на сопствените граѓани и шумскиот фонд. Тоа е серизен удар на кредибилноста на државата на меѓународен план со оглед дека се доживува како непособна и несеризна.
Штетите од пожарите се големи и допрва ќе се согледуваат, од еколошки, просторен и социо-економски аспект. Горењето го ослободува СО2, се загадува животната средина, а не се ослободува кислород од изгорените шуми. Почвата не ја прима дождовната вода, се јавуваат поплави и ерозија на земјиштето. Поплавите и ерозијата предизвикуваат дополнителна штетата кај населението со што се мултиплицираат штетите и последиците од пожарите.
Подземните води и изворите на вода се намалуваат, како и квалитетот на водата, која е загадена од пепелот кој се разнесува после пожарот. Во просек обновата на изгорениот шумски фонд трае и до 50 години со што генерации нема да можат да ги добиваат корисните ефекти од шумскиот фонд, дрво за граѓа и за огрев, шумските плодови, можности за рекреација, туризам и друго. Се намалува економската активност во сектори кои се поврзани со шумите и потоа следи невработеност, миграции и опустошување на цели региони во државата.
Последиците допрва ќе се осознаваат зошто не се трошат средства само за гаснење на пожарите туку е неопходно да се планираат за обнова на изгореното и за уништената шума, плодна земја, посеви, фарми, инфраструктура и друго. Промени во институциите се неопходни каде треба да се ангажираат стручни и способни кадри.
Затоа народот од целата држава треба да помни што, како и кој дејствувал за да ги спаси животот на граѓаните, нивниот имот, шумите или во целина флората и фауната во државата.
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *