Парламентарно насилство на СДСМ

СДСМ и владејачкото мнозинство повторно практикуваат парламентарно насилие наместо парламентарна демократија.
Очигледно тие не знаат поинаку.
Имено, и денес во Собранието на Република Македонија сме сведоци на еклатантно кршење и непочитување на веќе воспоставената долгогодишна пракса во врска со закажување и одржување на други седници на Комисии во оние денови додека трае расправата за ребаланс на Буџет.
Не навлегувајќи во суштината и потребата за одржување на денес закажаната Комисија за одбрана, како пратеници сметаме дека ова самоволие мора конечно да престане. Комисијата за финансирање и буџет и ребаланост на Буџетот за 2021 година мора да имаат приоритет над сите останати постапки, особено над тесно-партиските интереси на владејачката коалиција.
Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ сакаме да ја информираме македонската јавност дека ваквото насилно однесување на СДСМ и мнозинството, оневозможува да се продолжи со расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година.
Само еден ден траеше глумата и лицемерието на СДСМ. Веќе денес го гледаме нивното вистинско лице.
Токму затоа, граѓаните мора да знаат дека за СДСМ и мнозинството се поважни партиско – коалициските калкулации отколку ребалансот на Буџетот и граѓаните.
Очигледно СДСМ и мнозинството не почитуваат воспоставени пракси, не почитуваат ниту процедури, ниту пак претходни договори за непречено функционирање и работа на Комисијата за финансирање и буџет освен наредбите од своите партиски шефови на штета на сите граѓани на Република Македонија.
На крајот, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „)бнова на Македонија“ сакаме да апелираме дека нема да дозволиме ниту ние, ниту Собранието на Република Македонија да бидеме заложници на партиските калкулации на власта. Нема да дозволиме да бидеме лажно обвинети и да бидеме изговор за неспособноста на власта како и нивните евтини коалициски пазарења.
Пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published.