ОТПИС НА ШТО ?

Отпис на што?
Каматата е цена за користење на капиталот, таа постои во сите трансакции и е со различни називи и висина.
Ако некој сака да отпише камата за долг траба да знае дека тоа за некого ќе значи изгубен приход или загуба. Прашањето е кој натаму ќе ја покрие таа загуба.
Во економијата владее правилото: Ништо не е бесплатно, или, не постои бесплатен ручек. Ако некој ве части, за вас е бесплатно, но друг треба да плати.
Кој ќе го плати отписот на каматите што го најави премиерот?
Одговорот е: од самите граѓани но во друга форма. Преку даноци, преку такси, казни и се што го полни буџетот преку кој ќе мора да се покриваат тие загуби.
Трошоците за камати ќе се покриваат и преку раст на цените на услугите на јавните претпријатија и институции кои ќе се зголемуваат и заради загубите. Граѓаните со нови давачки ќе бидат оптоварувани за нерационалната владина политика.
Со предложената мерка тие ќе бидат изложени на предизборен поткуп како што констатира еден антикорупционер.
Ветувањето дека „зелената“ такса на горивата ќе реши еколошки проблеми е нереално. Некој мисли дека македонските граѓани се зелени луѓе, а не се. Тие знаат дека пари треба да се прибираат за конкретни проекти односно наменски да се трошат. Ако нема проекти прибраните „зелени“ пари ќе си бидат дел од буџетските трошоци на власта.
Во предизборно време се има своја цена, се и сешто се продава, ама власта сака друг да плаќа.
Премиерот се чини не разбира дека не може да нарави дупка во водата. Ама упорит човек е, сам на себе си прави реклама колку се грижи за граѓаните и тоа предизборно. Се би дал за уште еден мандат и се колне дека тоа не е за него, туку за добробит на општеството кое е „едно за сите“. Само за неговите поддржувачи и сопартијци се нешто повеќе еднакви одколку другите. Расте бројот на богатите но расте и бројот на сиромашните, значи не е едно за сите.
Тој упорно се обидува да докаже дека тоа што го прави е да го убеди граѓанинот дека се е за негово добро.
Изборите се ближат, време е секој да размислува разционално и трезвено и да се следат не зборовите од власта туку делата за кои зборува и што ги ветува, а ги нема направено.
ЈП
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *