НЕСРАЗМЕРНОСТ

Одењето во пензија различно се доживува. За некого тоа е свечен чин за лицето кое стасало до крајот на работниот век па со испраќањето од колегите му се честита и му се посакува „долго да му трае пензијата“. За други лица одењето во пензија е казна заради малите пензии, често се случува тоа да е почеток на нови работни ангажмани кои не се пријавени (на црно).

Дали пензионирањето е можност за мирна старост како што идеално се претставува или…
Дали над 325 илјади пензионери во Македонија ја имаат таа можност да ги уживаат резултатите од 40 годишно работење.
Секако дека сликата воопшто не е розова.

Постои несразмерност во поглед на висината на пензиите. Тоа раѓа незадоволство кај 70% од пензионерите. Тие се жалат дека неможат да преживеат со ниските пензиски примања. Не стасуваат парите за храна и лекови, велат тие.

Власта најчесто се соочува со пензионерите пред изборите.
Тие се сериозно гласачко тело и често од нив, и нивните семејства, зависи кој ќе ги добие изборите.
Затоа им се најавуваат ветувања на пензионерите дека „и до година пензиите ќе растат“. Небаре тоа е подарок, а не стекнато право.

Демографското стареење, продолжениот животен, век се одразија на капацитетот на Фондот за пензиско инвалидско осигурување. Тој ја обавува својата функција со постојана месечна дотација од Буџетот на државата.
Власта кон тоа гледа голем товар од кој сака да се ослободи.
Наједноставно е да ги намали или укине пензиите на паензионерите.
Тоа еднаш и се случи, кога владата на Црвенковски им ги намали пензиите на граѓаните за 8% и никогаш тој износ не им беше надоместен.

Согледувајќи дека тоа е можно, власта на актуелниот премиер Заев го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување. Наместо растот на пензиите да базира на две основи како што беше предвидено (половина од индексот на трошоци на живот и половина од просечниот раст на исплатената плата) сега е сведен само на половина од растот на инфлацијата преку трошоците за живот.
Власта се фали дека растат платите за 8,8%, ама пензиите не се поврзани со тој раст, а треба, и тоа за половина од тој раст да се зголемат и пензиите.
Се зголемува несразмерот на плата/пензија и јазот станува уште подлабок.
На долг рок тоа се сериозни средства кои се одземени од пензионерите.
Дали е реално во услови кога цените на енергијата, храната и основините семејни потреби се зголемуваат растот на пензии да е намален.
Затоа е изразен сомнеж во објавените податоци.
Лагите на власта се множат.
Последниот намален раст на пензиите од 1,2% го потврдува негативниот однос на власта кон пензионерите.
А медиумите под контрола на власта ја фалат дека тоа е голем успех.
Само за кого?

Всушност тоа е кражба на власта од пензионерите за да се фали дека пензиите ќе се исплаќаат пред време.
Не кажува која е цената на таа мерка, зошто ништо нема бесплатно особено кај банките кои ја вршат исплатата.
Пензионерите се мудри луѓе и треба да знаат дека кога еднаш некој ќе брцне рака во нивниот џеб тоа ќе го прави повторно и повторно.

Мудроста треба да се изрази на ибори и да се одбере партија со социјален односно социјалистички предзнак која е посветена на овие граѓани и со години се бори за нивните права и за поголеми пензии.

ЈП

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published.