НЕНАСИТНОСТ И СИРОМАШТИЈА

Според податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ за првото тримесечје од 2021 година е -1.9 %.
Доколку се има предвид дека и во изминатите три тромесчја стапката е негативна, се потврдува длабоката рецесија во Македонија.
Продолжува агонијата во државата.
Власта ја уверува јавноста дека економијата цвета, а не ја споменува рецесијата ниту предлага мерки за нејзино справување. Очигледна е манипулацијата и измената на тези за постигнување политички поени.
Власта не ја забележува ни инфлацијата која се забрзува и ги осиромашува граѓаните.
Недоволни се приходите за да се покријат трошоците на едно просечно семејство.
Осиромашуваат грѓаните и материјално, но и духовно, културолошки и за националните прашање.
Политиката која се води е со цел да се сокријат негативностите кои секојдневно се множат.
Власта ветува раст на платите, повеќе како предизборен поткуп, од колку како мерка за намалување на сиромаштијата.
Сиромаштијата е се поголема и државата е на прво место во Европа по процентот на сиромашни граѓани.
Напроти тоа елитата се загуби во својата ненаситност, што повеќе да се земе и да се потроши за лични цели, за богатење и за расипништво.
Така не се одесувале ниту колонизаторите кон колониите кои ги експлотирале безмилосно.
Елитата не ни мисли за потребите на граѓаните. Отуѓеноста и нивниот стремеж за лично изобилство доведува до постојана инфлација, раст на цените, паѓање на реалните плати, урбана и рурална сиромаштија, миграција и очекувано недостиг на храна и протести за плати и за храна.
Во услови на пандемија и пожари се спрема славење на малцинството како воени победници над мнозинството и како профитери на парите од граѓаните.
Апсурдност на малцинскиот елитизам кој е незаситен во апархејтските барања.
Превработеноста се зголемува пред избори и се случува хипервработеност во државните органи и институции.
За тоа треба пари кои власта ги позајмува.
Слоганот: „Ако немаш пари, купи си“ сфатен е буквално и се реализира преку енормно домашно и странско задолжување.
Нема граница на растот на долгот.
Финалето е: државен банкрот и потпаѓање под должничко ропство, следено со народни буни и востанија.
Бројот на функционери рапидно и непотребно се зголемува на трошок на граѓаните.
Елитата е ненаситна и сама се репродуцира и се бори за елитни позиции во државата.
За способноста на одбраните не се води сметка, важно е да се добие функција па макар и измислена.
Ненаситноста на елитите и зголемувањето на сиромаштијата водат кон намалувањето на силата на економијата и на државноста која се топи пред очите на отуѓените граѓани.
Колку порано ќе го соглдаат сето ова толку подобро за нив за да се создаде критична маса за промени во државата кои се неопходни.
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *