НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА МНОЗИНСТВОТО, СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА ГО СВЕДЕ НА ОБИЧНА МЕСНА ЗАЕДНИЦА

На денешната пленарна Седница мнозинството Собранието на Република Македонија го сведе на обична месна заедница или потточно на куќен совет‼

Имено, наместо претставниците на МВР (министерот/заменикот за внатрешни работи или нивните повереници), како што е наведено во официјалниот Меморандум на Владата, “потребата” од скратената постапка за носење на ПЗ за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија ја образложи, ни помалку, ни повеќе и од никаде прозван, а ни најмалку овластен и од “задачата” самиот изненаден министерот за правда Маричиќ⁉️

Подоцна, по појавувањето на овластениот владин претставник, надвор од сите деловнички одредби, следи еднострано поништување на гласањето, со лесно и премолчено одобрување на мнозинството, и повторно гласање врз основа на новото образлагање од претставникот на предлагачот на законското решение⁉️

Законот за работа на Влада и Деловникот на Собранието на Република Македонија се сосема небитни за собраниското мнозинство кое со невидена леснотија свесно го приреди денешниот циркуз❗

Демократијата е оддамна заборавена и напуштена пракса како сериозно парламентарно работење. Битно е владиниот собраниски сервис да функционира беспрекорно по цена на газењето врз достоинството пред сè на пратениците од таканареченото и скоро непостоечко парламентарно мнозинство‼

Кога се зборува за демократија и правда нив најмалку ги има таму каде што најмногу е потребно да се почитуваат во највисокиот законодавен дом, затоа што газењето врз пратениците како народни претставници всушност претставува газење врз волјата на избирачите, односно на граѓаните на Република Македонија❗

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *