Комисиска расправа за ребаланс на буџет за 2021

Сакаме да ја информираме јавноста дека во наредните неколку денови односно во следните 10 дена ќе трае комисиската расправа за Предлог ребалансот на Буџетот за 2021 година.
Вкупно се поднесени 222 амандмани на ребалансот на Буџетот, од кои што 153 се на предлог на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Комисиската расправа ќе трае 10 денови и преку неа, преку одговорна дебата ќе понудиме соодветно образложени аргументи и објаснувања, потврдувајќи ги фактите дека понудениот ребаланс е одлика на една неодговорна власт која ниту се обидува, ниту пак сака да размислува стратешки и перспективно и во интерес на државата и нејзините граѓани.
Сакаме само неколку фактори да напоменеме од ребалансот.
Јавниот долг во Македонија веќе го достигна највисокото ниво во нашата историја. Сите ние должиме над 7 милијарди евра, што претставува 63% од Бруто домашниот производ. Нашата држава никогаш не била позадолжена. СДСМ кога ја превзема власта во Република Македонија јавниот долг изнесуваше 4,7 милијарди евра и беше на ниво од 46%. За само 4 години владеење на СДСМ јавниот долг е зголемен за нови 2,4 милијарди евра.
Владејачката структура ни објаснува дека со ребалансот се зголемувале капиталните расходи и велиме тоа е одлична вест, но доколку ова ветување беше дадено од страна на Влада што знае да гради и исполнува. За жал вистината е сосема поинаква.
Ако пред 2018 година, 10% од Буџетот се трошел на капитални расходи, сега тој процент е помеѓу 6 и 7. Се ветува дека ќе се намали ДДВ-то на струјата, но фактички цената на струјата согласно посебната одлука на Регулаторната комисија за енергетика гледаме дека расте.
Ова се само дел од аргументите кои што ќе ги презентираме, но сакаме да ја информираме јавноста дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нуди проактивни решенија, нуди голем број конкретни проекти кои што ќе значат промена кон подобро на животот на нашите граѓани. Негативните последици од актуелните и најавените економски политики со голема веројатност за жал ќе се почувствуваат во блиска иднина.
Ова е ребалансот на Буџет кој што потврдува дека Република Македонија се наоѓа во длабока економска криза. Затоа инсистираме граѓаните будно да ја следат дебатата, да ги следат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, но да видат и кои се реакциите на Владата за идната економска состојба, која што за жал е во многу катастрофална состојба и имаме Буџет кој што се наоѓа во многу катастрофална состојба.
Пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“
0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published.